Мемов уверува дека не се размислува за зголемување на старосната граница за пензионирање
Објавено во: Економија 30 Ноември, 2025 11:42
Линеарното зголемување е за усогласување со животниот стандард, изјави директорот на Фондот за ПИОМ, Никола Мемов во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Тој рече дека тоа е исправно бидејќи цените подеднакво се покачени за сите.
Мемов уверува дека не се размислува за зголемување на старосната граница за пензионирање.
„Има две иницијативи од граѓани доставено до Уставниот суд и ќе видиме сега. Одлуката е пред донесување, односно трае јавната расправа околу ова значајно прашање во општеството. Сакам да истакнам дека измената на Законот за пензиско инвалидско осигурување беше донесена минатата година, на барање на пензионерите се донесе оваа одлука усогласувањето на пензиите со швајцарскиот модел – процентуално се замени со линеарно зголемување на пензиите односно линеарно усогласување на пензиите на сите 345.000 пензионери“, вели Мемов.
Согласно измените на законот донесени оваа година, нагласи Мемов, во март месец пензионерите ќе добијат линеарно покачување од 1000 денари, додека а во септември планирано е веќе да си важат старите одредби од Законот за пензиско каде што останува одредбата за процентуално усогласување на пензиите согласно швајцарскиот модел.
фото принтскрин
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“
Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември
Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен
Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените
Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава
Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања
Германската Heidelberg Postpress бара стабилната деловна средина и квалификувани работници - ТИРЗ Скопје и Штип меѓу потенцијалните локации
Инженери на РМ: ВМРО-ДПМНЕ да ја повлече наплатата од 200 денари за пристап до мрежа, како што вети





