05 Декември, 2025
0.0364

МЕПСО гради нови далноводи

Објавено во: Македонија 10 Октомври, 2012 11:10

Добивај вести на Viber

МЕПСО ќе ги гради далноводите Скопје -Тетово и далноводот на трасата Штип – македонско српска граница. Тендерите за избор на изведувач се веќе објавени. Станува збор за 120 километри далноводна мрежа која ќе чини 26 милиони евра. Изградбата се финансира СО пари од државната енрегетска компанија и од Светската банка „Новиот интерконективен 400 kV далновод на трасата од Штип до македонско-српска граница има должина од 70 километри. Ќе бидат изградени 168 челично-решеткасти столбови. Ова ќе биде второ електроенергетско поврзување со Република Србија. Траста на новиот далновод минува низ териториите на општините: Штип, Свети Николе и Куманово“, објаснуваат од МЕПСО. На српска страна овој енергетски вод ќе биде приклучен на трансформаторсите станици во Лесковац и во Ниш. Со ова се зголемува капацитетот на македонската преносна мрежа. Планирано е далноводот да биде изграден во период до 2 години од започнување на работите. На 110 киловолтниот далновод Скопје-Југохром-Тетово, планирана е целосната реконструкција.. „Тоа е еден од најстарите преносни водови во македонската преносна мрежа и е изграден во педесетите години на минатиот век. Комплетната реконструкција предвидува замена на старите бетонски столбови со нови челично-решеткасти столбови долж целата траса од 52 километри. Со реконструкцијата е предвидено и поставување нови спроводни јажиња и потребна опрема за овој далновод “, објаснуваат од МЕПСО. Изградбата на далноводот треба да заврши за 18 месеци од отпочнување на работите. Со реконструкција ќе се зголеми преносниот капацитет на далноводот и, во целост ќе се задоволат и идните потреби за снабдување на Тетово од страна на Скопје. Токму далноводот на трасата Скопје - Тетово,  изминативе години,  среде зима ги оставаше без струја со енови жителите на градот под Шара.  Сепак, со оглед дека изградбата на далноводот треба да заврши за една и пол година , на Тетовчани им останува најмалку една а најмногу две зими ( ако се оди според роковите но и во зависност од тоа кога ќе почне да се гради новата мрежа) да поминат во незивесност.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец

УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?

УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?

ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат

ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат

Костадинов ги отфрла наводите во кривичната пријава: „Стојам на располагање на надлежните“

Костадинов ги отфрла наводите во кривичната пријава: „Стојам на располагање на надлежните“