06 Октомври, 2024
0.1135

МЕПСО заврши 75 отсто од градежните работи на македонско-српскиот 400 kV далекувод

Објавено во: Економија 02 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Целосно се монтирани 80 столбови од 400 киловолтниот далекувод од ТС Штип до македонско-српската граница, а досега се завршени околу 75 отсто од сите предвидени градежни работи, констатира работната група од МЕПСО предводена од м-р Синиша Спасов, генералниот директор на компанијата во работната посета долж трасата на далекуводот. Досега се подигнати вкупно 100 столбови од кои во целост се монтирани 80 столбови, а на 20 столбни места во тек е финална фаза на монтажа на конзолите на челично решеткастите столбови. Градежните работи течат на уште 59 столбни, а на некои од нив се поставуваат темелите, а на некои столбни места се плетат столбовите. Овој далекувод има вкупно 168 столбни места од 400/110 kV трансформаторска станица Штип до македонско-српската граница. Заради спецификите на теренот работата не е започната само на 9 столбни места и се очекува на тие локации да се создадат услови за работа во текот на овој месец.

- Досега, според податоците од надлежниот надзор, во целост се завршени 86 отсто од поставување на фундаментите (темелите) и 50 отсто од работите што се однесуваат на монтажа односно плетење на далекуводните столбови. Може да се резимира дека досега 75 отсто од градежните работи на овој далекувод се завршени во целост. Очекуваме, согласно со планирната и утврдената динамика, во текот на овој месец да почнат и електромонтажните работи односно поставување на проводните јажиња и изолаторите односно овесната опрема. Според очекуваната динамика, далекуводот во целост треба да биде готов до септември годинава по што ќе биде ставен под напон и ќе добиеме електроенергетско поврзување со српскиот електропреносен систем, аточки на поврзување се трансформаторските станици во Штип во земјава и во Врање во Република Србија, потенцираше м-р Синиша Спасов.

mepso

Овој далекувод е инвестиција на МЕПСО во вредност од над 11 милиони евра. Околу 10 милиони евра се кредит од Светската банка, а останатите се сопствено учество на МЕПСО. Изведувач на работите е српската компанија „Енергомонтажа“ од Белград. Далекуводот е во должина од 70 километри и минува низ територија на општините: Штип, Карбинци, Свети Николе, Куманово и Старо Нагоричане. По ставањето во функција на овој интерконтивен далекувод македонскиот електроенергетски систем ќе добие втора врска на кордирот север-југ. Ставањето во функција на овој преносен вод значајно ќе ја подобри доверливоста и стабилноста на нашиот електроенергетски систем, а ќе го зголеми и преносниот капацитет на мрежата на МЕПСО. Подготвителните работи за изградбата на далекуводот започнаа во октомври 2014 година, а изградбата на далекуводното поле во транформаторската станица во Штип започна во јули лани.

Можеби ќе ве интересира

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта