16 Мај, 2024
0.0254

МЕР: На е препорачливо да се сечат дрва до 1 октомври

Објавено во: Економија 18 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Директорот на Македонски енергетски ресурси (МЕР), Бајрам Реџепи, вели дека градежните активности на трасата на планираниот гасовод на Водно се стопирани затоа што „не било препорачливо да се сече до 1 октомври“.

МЕР е државна компанија која стои зад изградбата на гасоводот од Скопје кон Тетово и Гостивар, а власта реагираше со времено запирање на механизацијата и со преговори со екологистите, но не отстапува од проектот. 

– Според студијата за влијанието врз животната средина, сечењето на дрвата не е препорачливо да биде во период од 1 март до 1 октомври, и ние ги запазуваме сите тие мерки предвидени во таа студија. Што се однесува до физичките блокади, ние се обидуваме да ги убедиме активистите на сите состаноци и јавни дебати, што ќе значи за државата ако проектот престане да се реализира во оваа фаза и очекувам дека тоа ќе биде сфатено рационално - вели Реџепи.

Тој демантираше дека поради урбанизацијата на Водно и проектот Сончев град е избрано гасоводот да минува преку Водно.

– Нема такви индикации дека поради Сончев град била избрана трасата да оди низ Водно. А дали низ северната страна на Скопје би била подобра варијанта, тоа во оваа фаза на реализација на проектот е нерационално да се дискутира, заради причините што неколку пати ги повторуваме. Пред се, интервенциите врз зеленилото на таа траса би имале далеку поголемо влијание врз амбиенталниот воздух во Скопје. Исто така, досегашната инвестиција од околу 10 милиони евра ќе пропадне целосно и ќе има дополнителни трошоци од 10 милиони евра, и секако ќе треба проектот да се одложи во најдобар случај за пет години. Треба да земете предвид и дека во тој период ќе биде сечено такво количество на дрво за огрев или повеќе и тоа дневно, за потребите на домаќинствата во Скопје, Тетово и Гостивар - додаде Реџепи.


Можеби ќе ве интересира

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор

ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС: Пазарите на обврзници ги чекаат априлските податоци за инфлацијата во САД

ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС: Пазарите на обврзници ги чекаат априлските податоци за инфлацијата во САД

МАКЕДОНИЈА СО НУЛТА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА КОРУПЦИЈАТА, РАСТ НА БДП НАД ПЕТ ОТСТО, СИЛНА НАЦИЈА - моќни пораки од Самитот на Македонија 2025

МАКЕДОНИЈА СО НУЛТА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА КОРУПЦИЈАТА, РАСТ НА БДП НАД ПЕТ ОТСТО, СИЛНА НАЦИЈА - моќни пораки од Самитот на Македонија 2025

СЕ КРЧКА КРИВИЧНА ТРУЖБА ПРОТИВ БОИНГ?! - го прекрши договорот за безбедност, ќе се разгледаат сите испади

СЕ КРЧКА КРИВИЧНА ТРУЖБА ПРОТИВ БОИНГ?! - го прекрши договорот за безбедност, ќе се разгледаат сите испади

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

НЕМА НАМАЛУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЧКАТА НА НАФТА - ОПЕК тврди дека во 2024 година на светот ќе му требаа 2,2 милиони барели дневно

НЕМА НАМАЛУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЧКАТА НА НАФТА - ОПЕК тврди дека во 2024 година на светот ќе му требаа 2,2 милиони барели дневно