Мерц: Очигледно нема да има средба Путин-Зеленски
Објавено во: Свет 29 Август, 2025 09:49
Германскиот канцелар Фридрих Мерц веќе не очекува дека во блиска иднина ќе има средба меѓу рускиот и украинскиот претседател Владимир Путин и Володимир Зеленски, јавува ДПА.
За време на средбата со францускиот претседател Емануел Макрон во Форт де Брегансон, неговата летна резиденција на Азурниот Брег, двајцата разговараа за дипломатските напори за ставање крај на војната во Украина, рече Мерц.
-Денеска повторно мора да се справиме со тоа прашање, имајќи предвид дека очигледно нема да има средба меѓу претседателот Зеленски и претседателот Путин, рече германскиот канцелар.
Ова „е различно од тоа што беше договорено минатата недела меѓу американскиот претседател Трамп и претседателот Путин, додека бевме во Вашингтон“, рече Мерц, пренесен од германската агенција.
По телефонскиот разговор со рускиот лидер на почетокот на минатата недела, Доналд Трамп објави дека Путин се согласил да се сретне со Зеленски.
Потоа, Москва зборуваше само за подготвеноста да ги покрене претходните билатерални мировни преговори на повисоко ниво.
Украина и нејзините сојузници го обвинуваат Кремљ за застојот. Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул во понеделникот во Загреб изјави дека „Путин само купува време“, изразувајќи сомнеж дека средбата со Зеленски ќе се одржи.
„Ако Путин мисли дека може да купи време, тогаш погрешно пресметува бидејќи нашата поддршка нема да се намали“, рече германскиот шеф на дипломатијата за време на средбата со својот хрватски колега, потсетува ДПА
Можеби ќе ве интересира
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел




