МЕРЦЕДЕС ГО СЕЛИ ПРОИЗВОДСТВОТО ОД ГЕРМАНИЈА: Еве зошто ја избраа оваа држава
Објавено во: Економија 18 Септември, 2025 07:30
Германскиот производител на автомобили Мерцедес-Бенц планира да премести дел од своето производство на возила од Берлин во Полска како одговор на растечката конкуренција од Кина и високите оперативни трошоци во Германија.
Мерцедес постепено ќе ги прекине операциите во својата фабрика во Лудвигсфелде во близина на Берлин до крајот на 2029 година, каде што моментално вработува над 2.200 луѓе.
Фабриката, столб на индустријата во Бранденбург повеќе од 30 години, произведува околу 60.000 специјализирани варијанти на комбето Спринтер и електрични возила годишно, објавува полскиот канал ТВП Ворлд.
Производството на е-Спринтер, електрична верзија на популарното комбе за достава, ќе биде преместено во Полска, што предизвика контроверзии меѓу германските синдикалисти и локалните власти.
Тобијас Кунцман од синдикатот ИГ Метал, најголемиот синдикат во земјата, објави дека ќе има протести во Лудвигсфелде, велејќи дека одлуката е неприфатлива.
Според германските медиуми, трошоците за работна сила во Германија моментално се пет пати повисоки отколку во Полска, втор најголем производител на батерии за електрични возила во светот по Кина.
Германскиот автомобилски гигант ќе изгради нова фабрика во Јавор во југозападна Полска, каде што Мерцедес-Бенц произведува мотори и батерии за хибридни автомобили од 2019 година.
Мерцедес има за цел да создаде најмалку 300 нови работни места до 2027 година, вклучувајќи 30 за лица со високо образование, како дел од проектираната инвестиција од 1,528 милијарди злоти (360 милиони евра), објави полскиот весник „Жиспополита“.
Телеграф.рс* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?
Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...
Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното
ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката
ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата
РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија
ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје





