Меркел: Можни нови санкции за Русија
Објавено во: Свет 24 Август, 2014 09:01
Ангела Меркел германската канцеларка денеска во Киев изјави дека не може да ја исклучи можноста, поради украинската криза, кон Русија ќе бидат воведени нови санкции, пишуваат српски медиуми.
Таа исто така апелираше и на билатерален прекин на огнот и поефикасна контрола на границата, што би придонело за завршување на конфликтот во источниот дел на Украина.
Канцеларката исто така вети и продолжување на помошта за проевропските власти во Украина, додавајќи оти територијалниот интегритет на земјата е од пресудна важност.
- Значењето на мојата посета е во пораката дека германската Влада верува оти територијалниот интегритет на Украина е од пресудна важност, изјави Меркел по средбата со украинскиот претседател Петро Порошенко.
Тој истакна дека Киев нема да го жртвува својот суверенитет за мир.
- Дојде време за мир во Донбас. Заедно со нашите европски партнери и целиот свет се ќе направиме да дојде до мир, но не по цена на суверенитетот, територијалниот интегритет и независноста на Украина, посочи Порошенко.
Меркел повторно ја повика Москва да се ангажира за постигнување на мировен план со Владата во Киев.
- За планот да биде успеше потребно е да го применуваат двете страни. Мирот не можете сами да го постигнете. Се надевам дека преговорите со Русија ќе бидат успешни. Планот е на маса, а сега мора да уследи акција, истакна германската канцеларка.
Можеби ќе ве интересира
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“
Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?
Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица




