МЕРКЕЛ НЕ ИМ ПРОСТУВА НА РУСИТЕ: Тие го променија повоениот поредок во Европа и го уништија мирот!
Објавено во: Свет 22 Јануари, 2015 17:37
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ја обвини Русија дека го нарушила мирниот повоен повоен поредок во Европа со интервенциите во Украина и порачала дека Европа не може да го разгледува укинувањето на економските санкции на Москва додека таа не го промени курсот на дејствување,
Анексијата на Крим не е била каква анексија. Тоа е кршење на вредностите кои создале мирен повоедн поредок во Европа после Втората светска војна, пред се во прифаќање на границите и почитувањето на територијалниот интегритет“, рекла Меркел на Светскиот економски форум во швајцарскиот град Давос.
„Економските санкции се неизбежни. Тие сами по себе не се конечно. Тие може да бидат укинат ако причините поради кои се воведени бидат отстранети. Но, за жал , ни уште не сме тука“, додала Меркел.
Министрите за надворешни работи на Украина, Русија, Франција и Германија вчера во Берлин постигнаа договор за демаркационата линија на истокот од Украина од која двете страни во судирот треба да ги повлечат своите сили, но тоа засега не е спроведено.
Борбите помеѓу украинската војска и проруските сили се интензивираа и околу Доњецк, а според соопштението на украинското министерство за одбрана загинале шест, а повредени се 16 војници.
Киев и Москва се обвинуваат едни со други за неуспехот на примената на спогодбата за прекинот на огнот договорен минатиот септември во Минск, како би се завршил конфликтот на истокот од Украина, а во кој, според проценките на ОН , од април минатата година, загинале 4700 лица.
Можеби ќе ве интересира
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел




