18 Декември, 2025
0.0535

Меркел: Подготвени сме за нови санкции против Русија

Објавено во: Свет 16 Март, 2015 18:32

Добивај вести на Viber

Проруските сепаратисти во источна Украина не ги исполнуваат целосно договорите за прекин на огнот, договорени во Минск во средината на февруари, изјавила денеска германската канцеларка Ангела Меркел.

Меркел е во Берлин заедно со украинскиот претседател Петро Порошенко. На заедничката прес-конференција со него таа истакнала дека има значителни пропусти од страна на сепаратистите имајќи ги предвид одредбите на договорот за целосно преземање на тешкото оружје.

Канцеларката додала дека санкциите на ЕУ против Русија може да останат во сила, додека договорот не се применува како што треба. Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави дека сака европските лидери да се изјаснат јасно на средбата на 19 и 20 март, дека тие ќе воведат нови санкции против Русија, доколку таа не го почитува Минскиот договор, пренесе „Ројтерс“.

„Ако обврските не се исполнети, јас навистина се надевам дека на самитот на 19 март, ќе биде наведено јасно дека ќе се продолжи со наметнување на санкции“, изјавил Порошенко. Меркел додаде дека Западот е подготвен на нови санкции во однос на Русија, но тоа не е цел.

„Ние не сакаме санкции, но ако е потребно, ние сме подготвени да ги прифатиме. Ако во иднина има груби нарушувања на договорот од Минск, ќе има потешки санкции. Но тоа не е главната тема за нас. Нашата цел е политичка дискусија за тоа како се применува во пракса договорот од Минск“, изјавила Меркел.

Таа истакнала дека можноста за испорака на хуманитарна помош не е помалку важна од режимот на прекин на огнот во Југоисточна Украина. Двајцата лидери повторно се изјаснија за дипломатско решавање на украинската криза, пренесоа агенциите.

Порошенко објави дека германската влада одлучила да додели 500 милиони евра за одржување на Украина, и изрази голема благодарност на Берлин за тоа. Од оваа сума 200 милиони евра ќе бидат за макроекономска поддршка на Украина.

Претседателот изрази надеж дека договор за доделување на овие средства ќе биде потпишан со Германија до 1 април, и истакна дека работата во оваа насока се одвива доста ефикасно.

Можеби ќе ве интересира

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел