17 Декември, 2025
0.0538

Меркел повикува на задржување на санкциите против Русија, но и за дијалог со Путин

Објавено во: Свет 09 Март, 2015 11:06

Добивај вести на Viber

Германскиот канцелар Ангела Меркел повика на задржување на санкциите против Русија во врска со ситуацијата во Украина, но призна дека е потребно да се бараат патишта за дипломатски дијалог, соопштува РИА „Новости“.

Освен тоа канцеларката, која е во посета на Јапонија, инсистираше за реформи во Советот за безбедност на ОН.

Денеска Меркел ќе разговара со премиерот на Јапонија Шинзо Абе. Се очекува да бидат разгледани прашања во врска со партнерството во рамките на Г-7, ситуацијата во Украина, мерки против тероризмот, реформи во Советот за безбедност на ОН, заедничка активност за регионалните прашања во Источна Азија и на Блискиот Исток.

Тие ќе разговараат и за можностите за германско-јапонска соработка во рамките на Г-7, кои ја зафаќаат Русија во врска со ситуацијата во Украина.

Според јапонски набљудувачи, позициите на Берлин и на Токио се блиски заради стремежот на Германија и на Јапонија да останат членки на Г-7 и истовремено да избегнат остро противење со Русија.

Тесни економски врски и таканаречената Енергетска зависност ја поврзуваат Германија со Руската Федерација, а Јапонија не сака да си расипува односите со Русија заради потребата од склучување на мировен договор (по крајот на Втората светска војна) и решавање на територијалниот проблем.

Можеби ќе ве интересира

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?