Меркел: Владата работи нормално и покрај шпионскиот скандал
Објавено во: Свет 06 Мај, 2015 10:54
Канцеларката Ангела Меркел се обиде да ги увери Германците дека нејзината влада функционира нормално и покрај размената на остри реплики помеѓу нејзината конзервативна партија на демохристијаните и коалициските партнери - социјалдемократите, во врска со избувнатиот скандал во врска со активностите на германската разузнавачка агенција - „БНД“.
Скандалот е поврзан со откритијата дека на „БНД“ и е изречено да направи услуга на американската Агенција за национална безбедност „АНС“, да ги шпионира европските компании и политичари.
Лидерот на Германската социјалдемократска партија Зигмар Габриел изјавил дека инсистирал Меркел да каже дали има уште случаи на индустриска шпионажа, кои може да бидат откриени. Меркел изјавила за Радио Бремен дека е подготвена да одговори на прашањата во една парламентарна истрага на активностите на „АНС“ во германскиот Бундестаг.
Таа, сепак, истакна дека спорот не го става под закана единството на коалицијата, со кое треба да управува уште 2,5 години.
„Ние продолжуваме да работиме многу, многу добро заедно со коалицијата“, додала Меркел.
Можеби ќе ве интересира
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“




