МЕШАНИ БРАКОВИ: Со кого најчесто се венчаваат Македонците?
Објавено во: Македонија 30 Јануари, 2024
Oсвен со партнери од својата етничка заедница, Македонците склучуваат бракови и со припадниците на малцинските заедници, но и со странци.
Ако ги погледнеме статистиките за склучени мешани бракови во земјава, тие покажуваат дека Македонците најчесто влегуваат во брачна заедница со лица од српска националност. Овој тренд трае подолго време. Во 2022 година 41 Македонка склучила брак со Србин, а истата година, 70 Србинки се омажиле за Македонци. Македонците влегуваат во брак со лица од српска националност од Македонија, но и од соседна Србија. Блискоста на двата народи, верска, јазична, територијална си го прави своето.
„Порано во Југославија бевме „братство- единство“, имаше повеќе мешани бракови, а потоа почнаа конфликти и говор на омраза на етничка основа и тие се проретчија, но не се неизбежни. Претежно тоа се млади кои денес живеат во странство. Сите трендови влијаат да имаме повеќе бракови од иста вера. Од мојата генерација знам луѓе со мешани бракови. Претежно се со Срби, но има и Македонки во брак со Турци, Албанци и си живеат до ден денес. Србите ги гледаме како браќа, не правиме некоја разлика. Во поново време има луѓе од помладите што отидоа во Бугарија, да се школуваат и стапија во брак со Бугари. Сите градови кои гравитираат кон граница ги прифаќаат тие народи преку границата, затоа што така било со векови“, вели социологот Лидија Илијевска.
Голем број на македонско – српски бракови има во Куманово, каде живее српско малцинство во поголем број со векови.
„Познавам Србинки од Крушевац, Крагуевац, Врање, Прешево, Ниш, Власотинце, Лесковац, па и од Белград кои се омажени во Куманово. Некои се од постарата, а некои од помладата генерација. Многу луѓе имаат роднини преку граница, народот се движи, комуницира и нормално е да дојде и до бракови. Има и обратни случаеви, кога Македонки од земјава се омажиле во Лесковац, Белград или некој друг српски град“, објаснува кумановка.
Според податоците на Државниот завод за статистика(ДЗС), во 2022 година, 24 Македонки склучиле брак со Албанци. Истата година имало 20 склучени бракови каде жената е од македонска, а сопругот од турска националност. Во 2022 година, 9 Македонки стапиле во брак со Роми, 5 се омажиле со сопрузи од влашка националност. Во 2022 година, има пет склучени бракови помеѓу невеста од македонска и младоженец од бошњачка националност.
Истата година, 30 Албанки се омажиле за Македонци, 17 Турчинки стапиле во брак со Македонци, 7 Ромки стапиле во брак со Македонци. Понатаму, седум Влаинки влегле во брак со Македонци во 2022 година и 8 Бошњачки стапиле во брак со сопружници од македонска националност.
Сања Атанасовскаfoto freepik.com
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.