МЕСТО СОЦИЈАЛНА ПОМОШ: Парите на иселениците спас за македонската сиромаштија!

Објавено во: Економија 22 Септември, 2016
Парите што иселениците им ги праќаат на своите семејства влијаат врз намалување на сиромаштијата повеќе отколку државната социјална помош .
Токму за оваа тема денеска на Економски форум дебатираа економистите од Институтот за економско истражување и политики-Скопје „Finance think“.
Од истражувањето на овој институт може да се заклучи дека гастербајтерите на своите семејства дома испраќаат околу 2500 евра годишно .
Во форма на дознаки Македонија од иселениците добива најмалку 400 милиони долари годишно а тие пари покриваат речиси 4 проценти од Бруто домашниот производ.
Главниот економист во „Finance think“ Благица Петрески посочува дека токму дознаките се ја имаат улогата на неформална социјална заштита за примателите.
Економистите од Институтот за економско истражување и политики укажуваат и дека парите од дијаспората најмалку се користат за инвестирање, додека најмногу се насочени кон купување на храна, облека, плаќање на сметки и долгови. Дел од дознаките се користат и за купување на имот.
Во однос на тоа кој најмногу пари прима од странство, од „Finance think“ посочуваат дека Албанците го имаат приматот.
Тие примаат пари од своите блиски од странство, а подеднакво ги примаат домаќинства кои живеат во рурални и во градски средини.
Америка и Австралија, како и високо развиените европски земји се државите од каде најчесто македонците примаат дознаки.
Можеби ќе ве интересира
Директорот на „Мајкрософт“ пукаше во „Гугл“: „Доминира затоа што користи нефер тактики, корисниците речиси немаат избор“

КУШТРИМ РАМАДАНИ СИ ОДИ ОД ТОПЛАНАТА СЕВЕР И ПОЧНУВА СО СВОЈ ПРИВАТЕН БИЗНИС - која е причината за оставката на директорот и што ќе работи неговата нова фирма

Суспендирана контроверзна фирма која земаше струја од МЕПСО без да му плаќа

Се издаваат станови во малите градови, кириите се ниски, ама потстанари ни за лек

НИКОГАШ ВО ИСТОРИЈАТА НЕМАЛО РАСТ НА ПЕНЗИИТЕ ЗА 24 ПРОЦЕНТИ: Тренчевска вели се грижат за пензионерите

Пензионерите добија покачување, но не 6.8 отсто туку 5.3 отсто

Невработеноста во еврозоната и ЕУ на рекордно ниско ниво
