25 Април, 2024
0.0379

МЕТАЛНАТА ВРАТА ПАДНА ВРЗ ГРБОТ НА МОЈОТ СИН, ИМА СКРШЕНИЦА НА Р’БЕТОТ: Игралиштето во Аеродром е опасно подолго време, мајката на повреденото дете сведочи за Фактор

Објавено во: Македонија 30 Јуни, 2022

Добивај вести на Viber

Ова е кобното место за 9-годишното детенце од населбата Аеродром.

Безгрижната детска игра стана сериозна и тешка повреда на рбетниот столб на малото скопјанче, откако тешка метална врата од детското игралиште му паднала врз грбот. Мајката, Александра Живковска Савеска, која моментално заедно со својот син е на Интензивното одделение на Клиниката за детска хирургија проговори за неговата здравствена состојба и подетално раскажа за целиот инцидент.

-Направени се сите иследувања, направена му е компјутерска томографија која покажа скршеница на петтиот пршлен на рбетот. Освен тоа целиот грб му е модар, има и гребаници. Мора да мирува, лежи на даска и во ваква положба треба да биде два до три месеци. Нема да се интервенира хируршки за среќа, чекаме појас да му стават, за да може да ја тргнат даската, но целиот летен распуст ќе го помине вака, вели Савеска.

Инцидентот се случил завчера вечерта, посолува мајката, нагласувајќи дека веднаш повикале брза помош, а полицијата направила увид во текот на вчерашниот ден.

-Влезната врата од игралиштето беше откачена и само потпрена и во таква состојба беше  оставена подолго време. Тоа игралиште е во Аеродром веднаш после Железничката станица, кај високите кули до фонтаната. Како трчале, деца ко деца, се бутнале во вратата и таа тешка метална конструкција му паднала точно врз грбот на мојот син. Навистина сме револтирани од тоа што од општината досега не е изреагирано  по не знам колку апели од сите нас да се поправи вратата или да се тргне. 

Пријавувано е неколку пати, што значи дека требаше да се случи ваква несреќа за да се преземат мерки. Тука има стотина деца, особено летно време, меѓу сиот овој бетон од висококатници, ова им е место за рекреација, за активности, вели мајката на повреденото дете.

Фактор стапи во контакт со градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, кој изјави дека е запознаен со несреќата на детското игралиште и оттаму добивме писмен одговор. 

-Ние, како Општина, ќе ги преземеме сите мерки што се во наша надлежност да провериме за што точно станува збор и каде е направен евентуален пропуст од службите кои се грижат за безбедноста. Сепак, веднаш штом ја добивме информацијата за овој немил настан, службте во истиот момент излегоа на терен и ја санираа направената штета. Периодов активно работиме на обнова и реконструкција на сите детски игралишта на нашата територија, а еден од нашите главни приоритети е проверката на безбедноста токму на реквизитите кои се користат од децата. Истовремено, ја информираме јавноста дека Општина Аеродром досега во неколку наврати ги повикуваше и ги повикува граѓаните да ги почитуваат јавните површини и да се однесуваат совесно кон заедничките добра, затоа што тие се често мета на вандалски чинови, кои можат да имаат и лоши последици кон здравјето и безбедноста на жителите, велат од Општината Аеродром за Фактор.

Анита Буховски

Можеби ќе ве интересира

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг