06 Октомври, 2024
0.0268

МЕТАЛСКА ИНДУСТРИЈА: Без помош од државата – ќе фрчат откази?

Објавено во: Економија 07 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Цената на никелот ќе паѓа а на бакарот ќе расте. И догодина, дел од цените на металите ќе се намалуваат, но како оптимистички сигнал доѓа прогнозата дека тој пад ќе биде побавен од очекуваниот. Додека Народната Банка ги исцрта новите јунски проекции, менаџерите од челичарската индустрија и се обратија на Владата. Бараат стратешки потези кои водат кон инфраструктурни инвестиции, но и намлување на цената за пренос на електрична енергија, што треба да се одрази врз намалување на крајните трошоци на компаниите и зголемување на нивната рентабилност.   Големи трошоци, намалено производство ...   Високите трошоци за работа, ниските цени на металите на светските берзи и неизвесноста што ја носи вкупниот економски амбиент удри и по металско-челичарската индустрија. Народната банка во новиот, јунски извештај предвидува натамошен пад на цените на никелот, но оптмистички се најавите дека трендот на намалување ќе биде побавен.   “Така, во 2015 година се предвидува помал пад на цената на никелот споредено со априлската оценка. Како резултат на можното намалување на залихите на овој метал коишто сега се наоѓаат на високо ниво. При оцени за повисок раст на цената на бакарот“, се вели во новата прогноза.   Ваквите очекувња НБМ ги темели врз основа на очекуваните ефекти врз индустриската активност од преземените нови стимулативни мерки од страна на Централната банка на Кина, кои можат да влијаат врз побарувачката, но и со неизвесноста поради проблемите со кои се соочуваат производствените капацитети во Чиле.   “Се оценува дека во 2016 година цената на никелот ќе забележи поблаг пад споредено со април, додека цената на бакарот ќе се зголеми повеќе отколку што се предвидуваше претходно“, прогнозира Народната Банка.   Токму овие состојби на светските пазари, заедно со домашното скапо производство, според менаџерите од металуршкиот сектор, се главната причина за аларм во овој бизнис. Здружението на металургија при Стопанската комора на Македонија до Владата упати неколку барања од кои, како што велат, зависи судбината и на вработените во овој сектор.   „Правиме максимални напори да ги задржиме луѓето, да нема отпуштања, да не ги нарушиме одлично организираните обучени, искусни тимови, а особено занаетчиските кадри кои и онака недостигаат. Но, сами не можеме се да сториме“, изјави Митко Кочовски, претседател на Здружението на металургија при Комората.   Едно од барањата се итни инвестиции во патната а особено во железничката инфраструктура. Голем трошок, според стопанствениците од овој бизнис,  прави цената за транспорт на струја, барање на кое подолг период инсистираат од металската индустрија.   “Принудени сме да штедиме и да го намалиме инвестирањето, но не можеме да ги одлагаме инвестициите во реконструкција и замена на потребните машини. Тоа пак се одразува на нашата финасиска моќ и крајната цена на производот. Во овој период немаме најави за откажување на нарачките, но она што се очекуваше за раст на побарувачката на кинеската челична индустрија не се реализира, што влијаеше и на перманентно пониската цена на никелот на берзите - вели Герасим Кујунџиев од „Фени индустри“.   Состојба на светските пазари ...   Не само годинава, цената на никелот ќе се намалува и во 2016 та, додека, според сегашните прогнози, цената на бакарот се очекува да расте.   “Се оценува дека во 2016 година цената на никелот ќе забележи поблаг пад споредено со април, додека цената на бакарот ќе се зголеми повеќе отколку што се предвидуваше претходно“, посочуваат од Народната Банка.   Бизнисмените од металуршкиот сектор велат дека годинава нарачките се реализираат, нема откажувања на договорите,  но исплатливоста на бизнисот се намалува, што во изминатиот период резултираше и со намалување на производство, па дури и откази.   “Во периодот 2008/2009 година кога цената на никелот беше уште пониска имавме проблем со пласманот, но сега не е така. Производството и продажбата ни се загарантирани и нема откажувања на договорите, посочи Кујунџиев од “Фени индустри“. Претставниците на коморат посочуваат  дека производството и пласманот до крајот на 2015-та се сигурни, а ќе се реализираат, можеби со забавено темпо, и проектираните инвестиции. Според податоците, надолен тренд секторот бележи секаде во светски рамки. Производството на челик е намалено за 2,1 отсто и особено загрижува намалената цена на никелот која изнесува 11.000 - 12.000 долари за тон. Во Македонија, производството на метали е 9,4 отсто од вкупниот БДП, а вадењето руди на метали 1,7 или вкупно, двата сегмента во БДП учествуваат со околу 11 проценти. А.Д.      

Можеби ќе ве интересира

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта