17 Декември, 2025
0.0436

Металургијата со пад од 22%, бизнисмените бараа одложување на еколошките дозволи

Објавено во: Економија 10 Јуни, 2013 20:45

Добивај вести на Viber

Паѓа производството на металите во Македонија. Само во првите четири месеци од 2013 година, забележано е намалување за 21,9 отсто, тврди преседателот на здружението за металургија Митко Кочовски. Според Кочовски, кај челичната индустрија има неизвесност во побарувачката на челични производи, која се очекува да се намали за 40 отсто. „Под силно влијание на неповолната економска сотојба металуршкот сектор се соочува со голем број отворени прашања, од кои најзначајно место имаат очекуваниот пораст на цената на природниот гас, недоволната усогласеност на цените на нафтата и нафтените деривати со брзанските промени на цената на нафтата, недоволно развиената патна и железничка мрежа и инфраструктура, а со тоа и високи цени на транспортните услуги“, изјави Кочовски кој додаде дека и лани металуршкиот сектор завршил со намален обем на производство за 11,1 отсто. Тој додаде дека е имаат разбирање од страна на Владата, од која очекуваат да донесе одлука за пролонгирање на роковите за интегралните еколошки дозволи. „Имаме апсолутно разбирање дека мораме да ги усогласиме нашите активности во делот на емисиите во воздухот, во почвата и во водите со императивите кои доаѓаат од европското еколошко законодавство, но исто така очекуваме Владата да покаже извесно разбирање во овој крајно критичен период“, рече Кочовски.  

Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје