19 Декември, 2025
0.0486

МЕТЕОАЛАРМ: Доаѓа невреме во Македонија

Објавено во: Македонија 15 Јули, 2025 08:32

Добивај вести на Viber

Поради продор на поладен воздух од север на висина над нашиот дел од Европа, ќе биде доволно да дојде до поголема дестабилизација на атмосферата во нашата Република Македонија, вели метеорологот Славчо Попоски.

Денес (вторник 15 јули) во пладневните  и во попладневните часови на повеќе места кај нас ќе има развој на грмотевични конвективни облачни јадра од кои очекувам појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално пак атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења  и со услови за појава на град.

И во делови од Скопскиот регион очекувам појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во делови од котлината можна е појава и на краткотрајно невреме.

Токму поради ова, апелирам граѓаните да обратат поголема внимателност, односно, во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор  и под осамени дрвја. Исто така, во случај на појава на силен ветер, граѓаните своите автомобили да ги заштитат, односно да не ги ставаат во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои се осамени.

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 37 степени, а во Скопје и околината максималната температура ќе се искачи до околу 35 степени.

На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување од невреме НОТАС, и истата е од голема корист на секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/“, објави тој.


Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината