17 Декември, 2025
0.0644

Метеоролозите згрешија, историската бура во Њујорк не се случи

Објавено во: Свет 27 Јануари, 2015 20:38

Добивај вести на Viber

Снежни прекривки од најмногу 30 сантиметри остави зад себе снежната олуја што овие два дена го зафати североистоткот на САД, меѓу кои и Њујорк. Но не се случи историски незапамтената олуја што требаше да го парализира источното крајбрежје со снежни прекривки од 1 метар, којашто ја најави американската хидрометеоролошка служба, јавува Ројтерс.

Непотребно беа откажани повеќе илјади летови, прогласена вонредна состојба, забрането возење на автомобили по улиците, како и забрана за движење на возовите и метроата, а работниците и учениците останаа дома.

Ние мислевме дека ќе добиеме нешто многу поголемо. Во Њујорк брзо ќе се вратиме во нормала“ изјави градоначалникот на Њујорк Бил де Бласио за Си-Ен-Ен.

Во Централниот парк на Њујорк паднаа 15 сантиметри снег, а по 10 часа беше повлечена и забраната за движење.

Голем број граѓани во Њујорк кои останаа во своите домови, фрустрацијата ја ослободија на друштвените мрежи. Меѓу осудите, има и такви кои му се израдуваа на слободниот ден и предагаат почесто да се прогласува непотребна вонредна состојба.

Највисоки снежни покривки од околу 60 сантиметри има во Конектикат и Масачусетс, на и тамошните граѓани реагираат дека очекувале повисок снег.

Американскиот хирдрометеоролопшки завод на службената Интернет страница призна дека згрешиле зашто најавуваната олуја се поместила на исток каде допрва може да се очекуваат поголеми снежни прекривки.

Тоа ќе резултира со многу помала снежна прекрива од предвиденото на североистокот. Најмногу снег ќе падне на Лонг Ајсланд на југот од Конектикат. Науката за временските прогнози константно напредува, но сѐ уште може да згреши“, стои во соопштението на заводот.

Можеби ќе ве интересира

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“