05 Декември, 2025
0.0359

„Методите се исти, милионски тендери платени од пари на граѓаните на фирми со сомнителна историја“: Кузеска со нова објава

Објавено во: Македонија 01 Декември, 2025 12:04

Добивај вести на Viber

Вториот вработен во фирмата со тендри од 9 милиони евра поврзан со УБК на Мијалков и уништувањето на опремата за прислушување.

Ова го посочи денеска портпаролката на опозициска СДСМ, Богданка Кузеска која потенцираше дека продолжуваат со разоткривање на криминалните тендерски шеми на власта на Мицкоски.

- Денеска јавноста ќе слушне кој друг е поврзан со фирмата која добила тендери од речиси 9 милиони евра за само шест месеци?

Кој е вториот вработен? Што работел претоходно и во кое време?

Станува збор за извесен Глигор Поцев.

Поцев бил сведок во случајот Тагрет Тврдина за уништувањето на опремата за масовно прислушување како вработен во УБК во периодот на Сашо Мијалков.

А токму последниот договор со Владата и оваа фирма е рамковна спогодба за софтверски лиценци за виртуелна платформа - нагласува Кузеска. 

Потоа таа праша „како тоа лица кои биле дел од разузнавачки структури, кои директно или индиректно се поврзани со процеси за уништување на опремата за прислушување сега се пак во игра за милионски тендери за софтвери?“.

Но, водено праша и како тоа баш сега, Владата на Мицкоски избрала човек од тоа време, од тие структури, сведок за уништувањето на опремата?

Скандалот со тендери вредни 9 милиони евра, дадени на фирма од две лица основана од пред само една година, јасно покажува дека кај Христијан Мицкоски владее истата криминална школа на Никола Груевски и Сашо Мијалков.

Методите се исти, милионски тендери платени од пари на граѓаните на фирми со сомнителна или релативно непостоечка историја.

Целта е иста, богатење на партијата и поединци од врхушката на власта.

Дури и луѓето се од истиот груевистички период очигледно!

Ништо од ова не е случајно, ова е криминален систем за крадење пари од граѓаните и контрола за кој мора да има истрага и одговорност.

Крадењето мора да запре. Инситуциите мора да делуваат и да преземат мерки согласно законот.

Предупредуваме да знаат сите дека овие дела не застаруваат. Одговорност мора да има и ќе има, кога-тогаш! Работата сè уште не е завршена - нагласи на крајот од пресконференцијата Кузеска. 



Фото: Принтскрин/Фејсбук


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец

УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?

УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?

ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат

ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат

Костадинов ги отфрла наводите во кривичната пријава: „Стојам на располагање на надлежните“

Костадинов ги отфрла наводите во кривичната пријава: „Стојам на располагање на надлежните“

Град Скопје со препораки: Затоплувајте се само со суво и чисто дрво

Град Скопје со препораки: Затоплувајте се само со суво и чисто дрво