Мицевски: Прифатија услови за евроинтеграции кои значат или вечни преговори или асимилација
Објавено во: Македонија 18 Август, 2023 15:36
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски вели дека властите прифатија услови за евроинтеграции кои значат или вечни преговори или асимилација.
Вели дека после цела година сеење на магла, излезе на виделина дека во Собранието нема двотретинско мнозинство за уставни измени.
„Во Собранието нема 80 пратеници, а надвор од Собранието над 80 отсто од народот се противи на уставни измени под бугарски диктат“, вели координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.
Рече дека уставни измени не се прават со диктат од надвор. Кажа дека изворот на проблемот датира од 2017-та кога потпишува Договор со Бугарија кој наместо пријателство донесе тензии и уцени.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




