(ГАЛЕРИЈА) Мичел: Изгледите дека ваква можност ќе има уште еднаш се многу мали
Објавено во: Македонија, Галерија 13 Септември, 2018 19:49
Aмериканскиот помошник-државен секретар за европски и евроазиски прашања, Вес Мичел по средбата со премиерот Зоран Заев рече дека ги охрабрува сите да го искористат правото, на референдумот да излезат и да гласаат.
Тој потенцираше дека Договорот од Преспа ги отвора перспективите на државата.
„Мислам дека ова е историска можност и мислам дека изгледите оти ваква можност ќе има уште еднаш за време на нашиот живот се многу мали“ - вели тој.
Додаде дека имал продуктивни разговори со Заев, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, спикерот Талат Џефери и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Македонија е на патот кон Западот многу долго време, ги повикувам сите граѓани да си ги исполнат нивното основно право на слобода, но и на одговорност за време на референдумот и да излезат да гласаат. Ова е историска можност, и на патот за НАТО и ЕУ од интерес на Македонија е да обезбеди дека гласот на нејзините граѓани ќе биде чуен. САД ја поддржува Македонија во овој процес, верувам дека е во интерес на Македонија, и во интерес на Европа и на Америка да има Балкан кој е стабилен безбеден и напреден. Тоа беше мојата порака на сите состаноци“- вели Мичел.
На новинарско прашање за последиците доколку референдумот не успее, тој рече дека не сака да шпекулира. Мичел ја потврди поддршката на САД за Македонија додавајќи дека неговата земја е заинтересирана за одржување на стабилноста и безбедноста во регионот.
ФОТО ФАКТОР



* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија
(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип
УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“
CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино
Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец
УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?
ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат





