16 Декември, 2025
0.0448

Мицкоски: Албанија ќе преговара, а ние ќе седиме во чекалната

Објавено во: Македонија 20 Јули, 2022 14:38

Добивај вести на Viber

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека ниту скрининг има, ниту преговори има со Европската Унија(ЕУ). 

Според него, тоа што тие го нарекуваат скрининг е мониторинг кој трае од првиот момент кога ние сме земја кандидат, од 2005 година, 17 години.  

„Јасна е позицијата, за да почнат преговорите потребно е да се смени Уставот, според Заедничкиот став на Европската Унија, член 11 вели дека мора прво да се смени Уставот, односно да се вметне дел од бугарскиот народ во Преамбулата, па дури потоа да се одржи онаа вистинска меѓувладина која ќе почне да го води процесот на скрининг и отворање на кластерите и поглавјата“, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека вчера имаше само обична фотосесија. 

„Така што отприлика тоа е што вчера  се случуваше. Албанија ќе преговара, а ние ќе седиме во чекалната“, изјави Мицкоски.

Инаку, тимови од земјава и од ЕУ вчера во Брисел одржаа прв состанок за таканаречениот скрининг процес, односно испитувањето на усогласеноста на правото на ЕУ со состојбите на земјата кандидат, за да може таа да се подготви за Унијата.

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека и ќерка му Тамара била против францускиот предлог, но го сменила мислењето. 

Можеби ќе ве интересира

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

ИСКОПУВАЛЕ КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО, ЗАВРШИЈА ЗАД РЕШЕТКИ: МВР најде метални детектори и кутија со 43 златни и сребрени монети

ИСКОПУВАЛЕ КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО, ЗАВРШИЈА ЗАД РЕШЕТКИ: МВР најде метални детектори и кутија со 43 златни и сребрени монети