19 Декември, 2025
0.0506

Мицкоски ги именува стратешките соработници: Силјановска Давкова, Дурловски, Климовски во тимот

Објавено во: Македонија 03 Октомври, 2019 11:47

Добивај вести на Viber

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, денеска го објави тимот на стратешки соработници.

Кандидатката за претседател на Македонија, Гордана Силјановска Давкова, е ангажирана за политички систем, заедно со кардиологот Сашко Кедев за здравствена политика, Владимир Дуковски за технолошки развој и образовни политики, Хозе Караско за економски прашања од универзитетот во Мадрид.

Именувани беа и Игор Дурловски за културата, Влатко Гигов пд Швајцарија за нови производи и социјални медиуми ,Јанко Баждарела од Њујорк, а поранешен студент на УКИМ, за напредни технологии и аналитика, Борко Ристовски соработник за спорт, Сања Божиновска, инаку магистрант од Гронинген, за енергетика, како и Ака Махмут за туризмот.

Вонредниот професор Лазар Јовевски е именуван за социјална политика, Зоран Марков од Машински факултет за машинска индустрија и екологија, Докторот на науки Гоце Наумовски за интелектуалната сопственост, Гоце Андреевски за бизнис, Александар Климовски за корпоративно право, Коста Митровски за банкарска политика.

- Мојата визија за Македонија е земја која ќе биде напредна. Потребна ни е обнова во секој сегмент од општеството. Македонија отворена кон светот но и конкурентна со развиените земји. Земја која што ќе биде технолошки тигар на Балканот. Не сум човек кој ветува чуда, но ви ветувам многу работа. Затоа ни се потребни човечки квалитети и потенцијал, а ВМРО-ДПМНЕ го ангажира тој потенцијал. На сите граѓани им порачувам да не следат и да имаат верба, рече Мицкоски.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината