Мицкоски ги испрати биографиите на кандидатите за министри до Собранието
Објавено во: Македонија 01 Декември, 2025 14:51
Во Собранието пристигнаа предлозите за нови министри од редовите на коалицијата Вреди, потврдија од законодавниот дом.
По договорот во владејачката коалиција, премиерот Христијан Мицкоски ги испратил биографиите на кандидатите за нови министри пред пратениците, а набрзо тие треба да бидат изгласани.
Неофицијално, за министер за животна средина и просторно планирање е предложен Мухамед Хоџа кој беше портпарол на претходната влада. На местото на актуелниот министер за евроинтеграции Орхан Муртезани доаѓа Беким Сали, кој ќе биде и кандидат за функцијата прв вицепремиер. Муртезани пак, е предложен за амбасадор на Македонија во Брисел.
Башким Бакиу кој беше кандидат за градоначалник на Скопје пак, ќе биде предложен за нов министер за здравство на местото на Азир Алиу, кој треба да ја преземе директорската позиција во Агенцијата за електронски комуникации.
По пристигнувањето на предлозите до Законодавниот дом, се очекува спикерот Африм Гаши да закаже седница на која ќе се бираат новите кадри на овие позиции.
Собранието на првата наредна седница ќе го стави на дневен ред разрешувањето на Муртезани за тој да биде избран за амбасадор, но за изборот на новите имиња нема да се брза, бидејќи не е пропишан рок до кога треба да бидат избрани по поднесувањето на предлозите.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“
CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино
Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец
УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?
ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат
Костадинов ги отфрла наводите во кривичната пријава: „Стојам на располагање на надлежните“
Град Скопје со препораки: Затоплувајте се само со суво и чисто дрво





