Мицкоски го покажа новиот имот на Левица и прашува: Како го купиле за 721 евро по квадрат
Објавено во: Македонија 03 Април, 2025 13:24
Премиерот Христијан Мицкоски денеска на пратенички прашања во Собранието, наместо да даде одговор, покажа фотографија и купопродажен договор од деловниот објект кој го купил Левица за ново партиско седиште.
Според Мицкоски, Левица купила оттуѓен деловен објект, продаван од деловна банка, во зграда зад седиштето на А1 Македонија во центарот на Скопје. Според Мицкоски најсимптоматично е тоа што е купен просторот за 721 евра по метар квадратен. Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, на тоа му реагираше дека просториите биле подрумски и приземни.
- На 26 ноември 2024 Левица купила деловен имот од 409 м2 на адвокатската улица зад седиштето на зградата на компанијата А1 за цена од 295.000 евра со ДДВ или просечно 721 евро согласно овој договор. Ова е кривично дело затоа што Градот Скопје ви пресметал дека тој вреди најмалку 1.150 евра по квадрат, рече Мицкоски.
Премиерот додаде дека оваа цена е нереална, ако се знае дека преку УНИ Банка се продава и деловниот центар „Соравиа“. Овој објект е на продажќба на 24 април со почетна цена од 22,4 милиони евра на оглас издаден од извршителот Андреа Буневски.
- Ќе се обратам до Финансиска полиција да провери како политичката партија Левица потпишувајќи го овој договор сторила кривично дело, нема да кажам кое, така што го купила овој простор што вреди најмалку три пати повеќе од 721 евра по квадратен метар, а Град Скопје вели дека најмалку 50 отсто повеќе вреди, додаде Мицкоски.
Апасиев на ова му рече дека не дал одговор на пратеничкото прашање и најави кривична пријава за Мицкоски бидејќи илегално го обезбедил купопродажниот договор и го објавил јавно.
- Стручно ова се вика „вербална дијареа“, се друго правите флека, а за тоа што ве прашав не зборувате. Вашите часовници вредат повеќе од тој имот. Подрумски простории со приземје купивме, затоа е таа цената. Кривична пријава поднесете ми уште утре, а ова е службена тајна и уште утре ќе ви поднесам кривична пријава. Вие доаѓате од најбогатата партија во Европа, најави Апасиев.
Можеби ќе ве интересира
Филипче: Ова е доказ дека нашите членови веруваат во исправноста на политиките кои ги водиме

ЦЕЛОСНО ЗАТВОРЕН ПАТОТ СТРУГА - ЌАФАСАН: снегот го отежна патувањето низ Македонија, задолжително понесете зимска опрема
ЗАТВОРЕНИ ГЛАСАЧКИТЕ КУТИИ ВО СДСМ - Филипче останува на кормилото на најголемата опозициска партија

„И ВО ОВИЕ БОЛНИ МИГОВИ, НЕКОЈ УСПЕА ДА ГО ПОДЕЛИ НАРОДОТ“: без марш, само собир и почит кон настраданите - организаторите бараат правда за сите

„ТРЕБА ДА ИМ ЗАБРНАТ И ПЕШКИ ДА ОДАТ, А НЕ КОЛА ДА ВОЗАТ“ - остри критики по апсењето на возачи во високо ниво на алкохол во крвта

СНЕГОТ ГИ ЗАВЕА ПЛАНИНСКИТЕ ПРЕМИНИ: воведена забрана за тешки товарни возила на неколку патишта
„ВНИМАНИЕ! НОВА ЕДНОНАСОЧНА УЛИЦА!“: граѓани споделуваат важни информации за сите возачи за промени во центарот на Скопје

СПАСЕН ЗАЛУТАН ПЛАНИНАР НА ПЛАНИНАТА КОЖУФ - ноќта ја поминал на отворено, но поради влошените услови загубил ориентација

МВР ТРАГА ПО СИНОТ НА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА ДОЛНЕНИ - објавената снимка од пукањето предизвика голем револт меѓу граѓаните
