Мицкоски: Го познавам Александар Верушевски, голем патриот е
Објавено во: Македонија 22 Мај, 2020 12:51
Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција пред партиското седиште, рече дека се познава со Александар Верушевски, за кој претседателот на СДСМ, Зоран Заев, објави дека тајно го снимал во Струмица кај него како гостин пред четири години а потоа аудио-записот беше објавен изминатиот период.
- Александар Верушевски го познавам, голем патриот е, рече Мицкоски пред медиумите, одговарајќи на новинарското прашање дали се знае со синот на поранешниот разузнавач Зоран Верушевски, кој пак е советник за национална безбедност во Владата и претседател на партиската комисија за внатрешни работи на СДСМ.
Станува збор за објавениот разговор снимен од 2016 кој изминатиот период беше објавен како аудио-запис во кој Заев ги искажува своите ставови за невладините организации. Заев пред четири дена откри дека свиркачот е помладиот Верушевски.
За Мицкоски пак претходно излегоа снимки од разговор со Зоран Милевски Кичеец, обвинет и осуден во случајот „Рекет“. Претседателот на најголемата опозициска партија подоцна потврди дека се познава со Кичеец и соработувале за време на последните претседателски избори.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




