05 Декември, 2025
0.0482

Мицкоски: Имаме полека стагнирање и намалување на базичната инфлација

Објавено во: Економија 10 Септември, 2025 17:03

Добивај вести на Viber

Годишната инфлација во јули се намали од 4,9 на 4,4 проценти. Премиерот Христијан Мицкоски очекува да продолжи овој тренд и да стигнеме до стабилни 2 или 2,5 проценти. Неговиот став се темели и на информацијата, дека месечната инфлација во август била намалена во однос на јули.

Премиерот Мицкоски нагласи дека ако се направи длабинска анализа, ќе се види дека на месечно ниво првпат базичната инфлација е во негатива, односно во минус.

Ако се направи длабинска анализа, ќе се види дека на месечно ниво првпат базичната инфлација е во негатива, односно во минус. Тоа е добар индикатор дека имаме полека стагнирање и намалување на базичната инфлација, која беше главен „драјвер“, двигател на генералната инфлација. Мерките не се така интензивни, кои ги правевме, ние се одлучивме и покрај критиката што ја добиваме од одредени невладини, синдикални здруженија итн., да водиме многу внимателна макроекономска политика, да направиме баланс помеѓу растот на платите и инфлацијата, односно секогаш растот на платите да е повисок барем двојно од растот на инфлацијата. Целта е граѓаните да имаат подобар стандард, така ќе продолжиме без интервенционизам“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека се вршат интензивни контролите од Државниот пазарен инспекторат и од Комисијата за заштита од конкуренција.

фото Фејсбук/Христијан Мицкоски

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија