Мицкоски на 29 годишницата на партијата: СДСМ паѓа, а ВМРО-ДПМНЕ со народот победува
Објавено во: Македонија 16 Јуни, 2019 20:58
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прославата на 29-годишнината од основањето на партијата во Македонската филхармонија во Скопје порача дека две работи се сигурни, СДСМ паѓа, а ВМРО-ДПМНЕ со народот победува.
„Нема датум за преговори не затоа што Европа не нè сака, туку затоа што владата не ја бива“, рече Мицкоски.
Мицкоски вели дека тие не сакаат да го копираат СДСМ и за предизвикаат криза со демонстрации, блокади непослушност и шарање објекти, зашто во овој момент е најважно да не се испушти шансата Македонија да добие датум за преговори за членство во ЕУ.
Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ по изборите кога и да се случат ќе формира влада со која Македонија ќе оди вистински напред.
„И немојте да мислите дека заборавам од каде почнавме, но и низ сè што поминавме овие две години. И оние кои веруваа од почетокот, но и оние кои не веруваа, а поверуваа дека можеме, на оние кои сè уште не веруваат, а знам дека ќе поверуваат, ви велам СДСМ и Заев се тргнати по удолницата од која нема враќање, а ВМРО-ДПМНЕ секој ден станува сè посилна, сè поорганизирана и свесна дека нè чека многу работа за да успее Македонија“, изјави Мицкоски.
Победата на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде победа на Македонија, додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




