19 Декември, 2025
0.0479

МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ДИЈАСПОРАТА ВО ЊУЈОРК: Да се обединиме во градењето на иднината на Македонија

Објавено во: Македонија 13 Јули, 2024 14:11

Добивај вести на Viber

Премиерот Христијан Мицкоски, оствари средби со македонската дијаспора во Њујорк, САД.

Присуствуваше на вечерната богослужба во чест на светите Петар и Павле во црквата Св. Кирил и Методиј во Њујорк, како и на собирот организиран од Македонците во САД.

Мицкоски пред присутните посочи дека основните постулати од кои поаѓа новата Влада на надворешен план се забрзан напредок во евроинтеграцискиот процес, унапредување на односите со соседните држави и регионалната соработка, пораст на кредибилитетот на државата како членка на НАТО, засилување на стратешкото партнерство со САД и другите западни демократии, како и поцврст ангажман во насока на привлекување на странски инвестиции.


„На внатрешен план посветено ќе работиме за да ги обезбедиме сите потребни услови за остварување на побрз економски развој, ќе даваме силна поддршка на домашната индустрија и земјоделието, ќе ја зголемуваме енергетската независност, ќе водиме засилена борба против корупцијата и криминалот, ќе ја реформираме администрацијата, ќе се залагаме за поголема независност и ефикасност на правосудниот систем. Истовремено ќе градиме стабилен здравствен систем, поквалитетно образование и ќе го зголемуваме ученичкиот и студентски стандард. Ќе обезбедиме поголема поддршка и вложувања во науката, научните истражувања и иновациите, важно е да се зголеми степенот на заштита на животната средина, да се зацврсти пензискиот фонд и спокојот за пензионерите и поголемо внимание да се обрне кон задоволување на мноштвото од потребите на младите“, изјави Мицкоски.


Мицкоски истакна дека Македонија сака да ја направи модерна држава, во која сите уште посилно ќе веруваме и ќе ја градиме нашата заедничка и просперитетна иднина.

„Во оваа прилика би сакал да ви се заблагодарам на сите вас овде присутни, но и на оние припадници на дијаспората ширум светските меридијани, за се што сторивте досега, постојано и достојно претставувајќи ја македонската историја, култура, јазик и обичаи. Немаме било каков сомнеж во вашата подготвеност дека и во иднина ќе продолжите да ни помагате, нам на вашите најблиски и на вашите роднини и пријатели дома“, вели Мицкоски.

Тој додаде дека во насока на надминување на актуелните и идните потешкотии и остварување на амбициозно поставените државни цели, ќе биде неопходно да се зголеми меѓусебната соработка со дијаспората.

Мицкоски ги повика членовите на дијаспората заеднички и посилно да работат на унапредување на комуникацијата, дијалогот и заедничките активности.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот