Мицкоски: Нема ново Пржино
Објавено во: Македонија 04 Септември, 2019
-Ако се надеваат на некакво ново Пржино, дополнува, на некаков нов договор на кој ќе се повтори реприза на ослабеното ВМРО-ДПМНЕ кое ќе потпишува сѐ и сешто, надополнето со по некој преторијанец во преговарачкиот тим, треба да знаат дека тој филм нема да го гледаат. – Затоа што ВМРО-ДПМНЕ, јас како негов претседател вам и на сите низ Македонија ви ветувам правда, а за правдата не планирам никаков компромис- порачува опозицискиот лидер Христијан Мицкоски преку видео порака на Фејсбук.
Тој се осврнува на преговорите за законот за Јавно обвинителство, о порачува дека за правдата не планира никаков компромис и оти препознава задни намери кај власта на која и порачува, како што наведува, „да не се надева на ново Пржино и некаков нов договор на кој ќе се повтори реприза на ослабеното ВМРО-ДПМНЕ кое ќе потпишува сѐ и сешто“.