Мицкoски: Неспособноста на владата е еднакво опасна колку и самиот вирус
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 13 Ноември, 2020
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва на прес - конференција изјави дека Maкедонија не била во полоа состојба од денес.
Вели дека губиме луѓе секој ден кои за власта се само статистика.
„Апелиравме неколку пати хронично болните да се ослободат од работа, но Заев и Филипче останаа глуви од не знам кои причини“, рече Мицкоски.
Вели дека нема термини за тестирање, а министерот за здравство, Венко Филипче тврди дека заразените доцна се јавуваат на лекар.
Мицкоски повика граѓаните да не излегуваат од дома доколку немаат потреба.
Вели дека неспособноста на власта е опасна како и самиот вирус.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.