08 Октомври, 2024
0.0332

Мицкоски: Новиот клинички центар е уште еден обид за пљачка

Објавено во: Македонија 07 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната вест за објавениот тендер за изградба на новиот Клинички центар во Ѓорче Петров за 500 милиони евра реагираше дека истиот ќе послужи, како што вели тој, за грабеж од страна на власта.

Иако Владата го промени законот за јавни набавки и приоритет при тендерите им даде на поквалитетните понуди, а не на најевтините, со цел да се избегнат плаќањата на операторите со сомнителен квалитет, Мицкоски смета дека тоа е направено наменски за да може да се прават манипулации преку субјективни мерила.

„А дека изградбата на новиот клинички центар всушност е уште еден обичен обид за пљачка, криминал и богатење на тие истите што и сега блескаат, говори објавениот јавен повик за конкурентен дијалог. Имено, во минатото додека Зоран Заев го распродаваше националното достоинство, го менуваше законот за јавни набавки и тоа, најпрвин го укина Советот за јавни набавки, а потоа го укина критериумот најниска цена и стави акцент на субјективната категорија квалитет.

Почитувани, се подготвува најголемата пљачка во поновата историја на Република Македонија од половина милијарда евра, пари кои ќе се обезбедат од заем и ќе ги плаќаат сите граѓани и полека, но сигурно ја носат Македонија во должничко сценарио. Доказ за тоа се сликите во прилог на оваа објава“, напиша Мицкоски во дел од својот пост.

Меѓудругото, додаде дека e уште една голема лага најавениот инвестициски циклус од 5 милијарди евра што го најави премиерот Зоран Заев за проекти во - 1 милијарда во патишта, железница, енергетика, Клинички центар, земјоделство, пречистителни станици, фабрики за прибирање и обработка на отпад, канализациски и водоводни системи и училишта и градинки


Можеби ќе ве интересира

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл

Протест против леарница за алуминиум во Ново Село: Таткото на градоначалникот е изведувач на објектот

Протест против леарница за алуминиум во Ново Село: Таткото на градоначалникот е изведувач на објектот

Тачи: Јас бев главен преговарач за Европскиот фронт, ВМРО-ДПМНЕ веднаш одбија

Тачи: Јас бев главен преговарач за Европскиот фронт, ВМРО-ДПМНЕ веднаш одбија

„КАКВА ВРСКА ИМА ПРОМЕНА НА ИМЕ, ЗНАМЕ, УСТАВ СО КОПЕНХАШКИТЕ КРИТЕРИУМИ“: Мицкоски дециден - премногу отстапки кон Бугарија направивме

„КАКВА ВРСКА ИМА ПРОМЕНА НА ИМЕ, ЗНАМЕ, УСТАВ СО КОПЕНХАШКИТЕ КРИТЕРИУМИ“: Мицкоски дециден - премногу отстапки кон Бугарија направивме

„СРЕЌНА 50-КА ДРУЖЕ ЗОРАНЕ“: Зоран Заев слави јубилеен роденден

„СРЕЌНА 50-КА ДРУЖЕ ЗОРАНЕ“: Зоран Заев слави јубилеен роденден