Мицкоски обвинува за милионска афера, а УЈП бара да се воздржи од шпекулации
Објавено во: Македонија 12 Мај, 2022 17:22
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски обвинува за 20 милионска афера, а Управата за јавни приходи (УЈП) бара да се воздржи од шпекулации поради отворена предистрага.
Вели дека во аферата се вмешани високи функционери на СДСМ и ДУИ и раководни лица во УЈП. Објаснува дека инстант фирми креирале фиктивни фактури врз основа на кои барале поврат на ДДВ од државата а потоа, преку цесија истото ДДВ го пребивале со фирми кои и должеле данок на државата.
Од УЈП велат дека е утврдено незаконско работење сторено од даночни обврзници кое УЈП го детектираше уште во јули 2021 година. УЈП ги демантира тврдењата на опозицијата дека станува збор за некаква афера и испумпување на пари од државната каса.
„Во интерес на предистражната постапка на Јавното Обвинителство, информираме дека сите потребни материјали и податоци од страна на УЈП се доставени до институциите и дека се преземени сите потребни мерки во насока на заштита на државната каса“, се вели во соопштението.
СДСМ обвини дека ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски шири шпекулации и измислува наводни афери со цел да го поктопа функционирањето на институциите.Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




