19 Декември, 2025
0.0542

Мицкоски од вечерашната прослава: За Македонија брат на брата кревал рака

Објавено во: Македонија 23 Октомври, 2018 18:56

Добивај вести на Viber

За Македонија брат на брата кревал рака, порача Христијан Мицкоски на вечерашната прослава на ВМРО-ДПМНЕ на Денот на македонската револуционерна борба во Македонскиот народен театар, обраќајки им се во дел од говорот и на исклучените пратеници и разрешените партиски функционери последните денови.

- Седум пратеници на ВМРО-ДПМНЕ го следеа својот личен интерес против волјата на народот. Ни се случи црниот петок, бевме сведоци на предавство на нашата татковина од наши браќа и сестри. Тивко и пеколно болно беше во моето срце, а мачно во нашиот штаб и во македонските домови, градови и села. 
Знаете ли колку силно не заболе вашето предавство, вашето дезертерство и подсвиткана кичма. Не издржаа вашите плеќи, за кои викавте дека на нив се крепи Македонија. Иако знаевте дека СЈО ви пакува случаи, вие попуштивте. Иако знаевте дека сите од 27 април се тотално невини.
Кога гледав како еден по еден како кревавте рака, нас срцето ни се кинеше. Направивте недостоинствен потег. Нема да можете да погледнете во очи на народот. Ги повредивте нивните души. Ја изневеривте ВМРО-ДПМНЕ. Заерем е чесно да имате исти говори и напади како оние од СДСМ, како на Бихаќка да ви ги пишувале изјавите. Да сте на иста страна со оние што нечовечки ве маеа. Само малку фалеше да издржите, Заев беше веќе готов. Да издржевте ќе одевме на избори и ќе го победевме. Нели видовте дека Заев бега од избори како ѓавол од крст. Само така ќе добиевме сите собода, а сега тоа вечно ќе ме мачи. Зошто ми ја одзедовме можноста да го победиме на избори, а тој веќе беше готов. Сега ни избега со предавството на нашите браќа и сестри, но ќе го поразиме набрзо. Ќе ве победиме на купче сите заедно - рече Мицкоски.

Дел од говорот посвети и на празникот, но личеше како кампањски

- Со многу големи падови од ВМРО се изродиле водачи како Делчев, Карев, Турунџев. ВМРО постоело и кога не постоела Македонија. ВМРО е секој Македонец. Како статасвме до точка од оние што се на власт да одредуваат кој ќе оди во затвор, а кој на слобода, а некој се однесува како нејзин сопственик, како стопан на Македонија. Пред една и пол година многумина и поверуваа на оваа власт, но нема ништо од повисоки плати за доктори и субвенции за компании, а нема ниту една област во која се живее подобро. Сакаат сите да на повлечат во живиот песок на неморал. За се што лажно се бореа во минатотоо се покажа дека не е така, туку даваат и бонус за менување на Уставот. Поитаа да тепаат народ пред Собрание и си прават зделки со судството. Прогласуваат криминалци и ме обвиниваа дека се борам за нивна амнестија, а сега тие ги амнестираат.- говореше Мицкоски.


Можеби ќе ве интересира

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан

„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните

„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните

„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци

„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци