Мицкоски по средбата со Ковачевски: Неприфатливо е влегувањето на Бугарите во Уставот
Објавено во: Македонија 03 Јули, 2022 16:41
Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, по средбата со премиерот Димитар Ковачевски рече дека еден од условите за прифаќањето на францускиот предлог е да се отстрани заклучокот со кој се бара Бугарите да влезат во Уставот пред непосредниот почеток на преговорите со ЕУ.
Доколку Ковачевски се повлече, Мицкопски ветува дека ВМРО-ДПМНЕ нема да бара предвремени парламентарни избори.
„Ниту за мене ниту за ВМРО-ДПМНЕ ваквите документи се неприфатливи. Тоа е одлука не само на Христијан Мицкоски, туку и на Извршниот комитет
Му понудив на Ковачевски да го одбие ова што е доставено како предлог, а јас да се повлечам од барањето за предвремени парламентарни избори и да ги ставиме сите капацитети на ВМРО-ДПМНЕ за надминување на кризата која ќе следува оваа зима.
Ива е преговарачка рамка со која не се обезбедува европска иднина, туку со која се бугаризираме. Ако е обезбеден идентитетот, во делот на заклучоците да бидат изброшани членовите 11 и 14“, рече Мицкоски и додаде дека протестите пред Владата продолжуваат.
Двата споменати членови се влегувањето на Бугарите во Уставот и решавањето на историските прашања
Мицкоски побара и да се избрише делот во преговарачката рамка каде што еднаш годишно ќе се прават прегледи од Европската комисија за тоа што е сработено од решавањето на билатерланиот спор.
Можеби ќе ве интересира
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка
ИСКОПУВАЛЕ КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО, ЗАВРШИЈА ЗАД РЕШЕТКИ: МВР најде метални детектори и кутија со 43 златни и сребрени монети
Интервју со Д-р Слободан Лазаревски: Она што ми се случи можеби беше божји знак за повторно откривање на малите нешта
ПАК ЌЕ БИДЕ ГЛАСНО, АМА БАРЕМ ЌЕ ЗНАЕМЕ КОЛКУ: Поставени се сите 30 уреди за мерење бучава во Центар




