28 Ноември, 2024
0.0282

МИЦКОСКИ ПОВИКА НА ИЗБОРИ „ЗА НАРОДОТ ДА СИ ЈА ВРАТИ МАКЕДОНИЈА: „Од вчера е јасно дека уставни измени под бугарски диктат нема“

Објавено во: Македонија 19 Август, 2023

Добивај вести на Viber

Лидерот на најголемата опозициска партија, Хрисијан Мицкоски на денешната прес конференција рече дека со месеци била лажна фразата на премиерот Ковачевски, „Мицкоски прифати уставни измени“.  

-Со месеци е лажна и тезата на оној дел на политичките партии мотивирани од власта да бидат опозиција на опозицијата глумејќи загрижени патриоти и упорно со месеци велејќи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе попушти за уставните измени. Од вчера е совршено јасно дека уставни измени под бугарски диктат нема. И нема ниту да има. Нема потклекнување кога е во прашање достоинството и честа на народот и Македонија. Со онаа слика вчера, на уплашени човечиња од власта, седејќи еден до друг, држејќи си го стравот еден со друг, завршува една неславна генерација политичари кои мислеа дека поради личните задоволства и корист можат да бидат над народот и неговите интереси. Тие се и континуитет на една лоша би рекол триесетгодишна традиција во Македонија, на поединци кои во политиката се богатат над грбот на народот, на напатениот народ и да го распродаваат додека го убедуваат дека го спасуваат. И ова е целата суштина, а се друго е фарса и лажни зборови. И оваа прес конференција денес, наспроти вчерашните нервозни, поразени и од страв за своите лични кариери-избезумени лица од власта, не е акт на никаков триумфализам, ниту пак радост, затоа што работите се пресериозни, а Македонија е во претешка состојба. Освен веќе акутната економска, државата е и во политичка криза, рече Мицкоски.

Во продолжение е интегралниот текст од денешната прес-конференција:

Сакам да бидат јасни неколку работи.

Прво, лажно е тврдењето на власта и нивното упростување на работите дека од прифаќањето на уставните измени под бугарски диктат ќе зависело дали ќе сме биле за ЕУ или против ЕУ, или како што тие сакаат да ја престават црно бела сликата – дали ќе сме биле за западот или ќе сме биле за истокот. Ова воопшто не е таков избор и ве молам тука и медиумите, новинарите, експертите и целата јавност да не наседнува на оваа бледа манипулација. Затоа што мнозинството на народот и јас како претседател на ВМРО-ДПМНЕ недвосмислено сме за влез на Македонија во Европската Унија, затоа што тоа е нашиот единствен пат. Но не по цена на себе одрекнување, не по цена на диктат кој е Пандорината кутија за идентитетско обезличување и отворање на портата за многу други барања. Не за влегување во повторната игра на стапот и морковот, без било какви гаранции за влез во ЕУ, од кој што земјава ќе го види само стапот, односно уште една блокада. На крајот сите ние веруваме во Копенхашките критериуми, кои сигурно не се, прифаќање на едно лудило од барања на соседната држава, со јасна тенденција да го избрише постоењето и историјата на друга држава. Соседна држава да направи упад во историјата, колективното чувство на друга држава и сето тоа да стане критериум за интеграција на државата во Европската Унија. И сето ова го овозможија оваа власт и овие политичари.

Е сега тие може да се преставуваат за европејци, но се далеку од тоа. Не се европејци и лажно е нивното сечење на вени по ЕУ, затоа тоа што додека го прават тоа Македонија е под истрага за крадење на пари и злоупотреба на фондови од Европската Унија. Не се  за ЕУ и затоа што нема тендер од кој нема основани сомнежи за провизии, немаат хациенди, вили или земјишта по едно евро за нивната лична корист. Не се за ЕУ затоа што дури од цитостатици за болните од рак крадат, а образованието го доближија до Танзанија наместо до Европската Унија, ќе ве потсетам на оние билборди.

Отворено велам дека власта секогаш од сега кога ќе ја шири онаа лажна хистерија дека се загрижени, покрај тоа што се директно виновни дека Македонија ја воведоа во слепа улица и подалеку од ЕУ, ним воопшто не им е грижа за ЕУ, туку тие се загрижени за крајот на личните кариери и се уплашени за нивните лични судбини.

Не е точно дека е поразен концептот за Македонија и ЕУ, како што сака да го престави тоа власта, туку е поразен нивниот концепт на гледање на работите како Македонија може да дојде или воопшто никогаш да не дојде  до ЕУ. Сигурно не по цена на обезличување. Поразот на нивниот концепт значи само пораз и крај на нивните бедни политички кариери.

Второто што сакам да го истакнам. Клучната грешка на власта во процесот на создавање на ова решение кое гледаме како заврши, е тоа што целосно ја исклучи опозицијата. Седеа, договараа, прифатија се што другата страна сака, и излегоа во јавност и сега велат ајде прифатете. Не може да бараат консензус за нешто во кое што не сме биле вклучени во неговото креирање. Впрочем ќе ве потсетам дури и при една таква игра тие ги отфрлија сите предлози на ВМРО-ДПМНЕ кои беа во насока на разоружување на диктатот кој тие го прифатија и обезбедување на гаранции за Македонија, обезбедување на она што е поважно, извесна иднина. Ние дававме предлози во текот на целиот овој период и тие сите ги отфрлија со приказна дека ќе обезбедиле и без нас мнозинство кое видовме вчера како заврши.

Впрочем сега тие ни велат дека детето е родено, предлогот и диктатот е тука, вие треба да го лулате и станете татко на детето. Преведено значи прифатете го предлогот во чие што креирање ВМРО-ДПМНЕ нема никаква улога, односно во преносна смисла лулајте го детево како татко, кога на тоа не сте му никаков роднина. Вака политика не се води и ние таква безидејно и аматерско водење на работите нема да прифатиме.

Трето, целиот овој процес го делегимитираше премиерот Ковачевски кој реално дојде на тоа место без да биде избран од народот и целосно ја делегитимираше и целата Влада која е еден вид на хибрид на лични интереси, а најмалку му припаѓа на народот. Дополнително што последните две години се посветија исклучиво на ова прашање, а се друго стои. Народот е гладен, живее се потешко а за реалните теми како здравство, економија, образование, земјоделие, плати  многу малку се зборува.

Не е точно она тврдење на Ковачевски дека ќе ги земел бугарските пасоши кои некои од нашите сограѓани ги земаат. Различно е гледањето на работите. Бугарија тоа го преставува како постоење на нивно малцинство во Македонија, но реалноста е што тие земаат пасоши поради таквите како Ковачевски кои 30 години ја крадат Македонија без да обезбедат иднина.

Имаме Влада без легитимитет и морам да кажам дека веќе воопшто не е ни важно што мисли Ковачевски или владата кога тие го изгубија јавниот интерес и самите се делегитимираа. Не велам дека не се фактор, но станаа безличен фактор кој државата ја внесоа во слепа улица. И кога ќе праша некој што мислите за тоа што мисли Ковачевски, реалноста говори дека повеќе не е ни важно што мисли овој човек.  

Четврто, исто така е вистина дека и покрај целото разјаснување на работите после вчерашниот ден и распрснувањето на континуираните кампањи на лаги на власта дека ќе обезбеделе мнозинство, проблемот е присутен и денес, тој постои и Македонија е во голема криза. Морам да признам дека како човек сум многу загрижен за работите што државата ја истоштија а работите сепак на крај удрија во ѕид. Слушам дека од власта си се тешат и си прават математики дека вратата за уставни измени ја оставиле отворена преку намерното не завршување на седницата, и дека меѓународната заедница сега би притиснале иако немојте да мислите дека изминатите повеќе од година дена читавме поезија на тие состаноци, наспроти јасната волја на народот и би извршиле некаков си упад во демократијата, со притисоци, закани, уцени и разни други форми.

Да бидам искрен сега веќе не верувам на таквите сценарија, иако на многу такви средби сум бил сведок и учесник, но резултатот го видовте во текот на вчерашниот ден. Ниту пак ќе се осврнам на тоа како оваа Влада го злоупотребува странскиот фактор во тој контекст, но сакам да знаете дека нема цена повторувам сите оние кои  што гледаат оваа прес конференција, нема цена по која би ги прифатиле овие уставни измени под бугарски диктат и не треба да се троши време ниту секунда повеќе на ова прашање. Проблемот постои и да мора се најде излез. Или она што поединци најчесто го поставуваат како прашање а што ќе прави ВМРО-ДПМНЕ. Единственото решение, единствениот разумен излез се изборите. Избори на кој народот ќе одлучи врз основа, внимавајте врз основа на конкретни решенија кои ќе ги понудат партиите како понатаму. Нашите црвени линии и нашата борба за гаранции во однос на прашањето со Бугарија се јасни. Ќе понудиме патриотско, компаративно гледано, крајно исправно решение кое ќе ги зачува, заштити и унапреди интересите на Македонија. Но, за да го направиме тоа потребни се прво избори! Власта удри во ѕид потребно е рестартирање. Потребен е нов правец. И не гаам илузии дека наспроти јасната волја на народот изразена на сите јавни мерења дека оваа Влада е готова, дека СДС е под нејзиниот основен минимум на поддршка дури и под 200 илјади гласови, а можеби и подолу, дека сепак одлучувачка е математиката на гласови на пратеници во Собранието која за жал сеуште е во полза на власта. Затоа е реално беспредметно секое гласање на доверба кое одново може да заврши со киднапиран пратеник кој ќе си го бара срцето и разумот некаде во светот, како што и се случи. Но предупредувам дека секој месец повеќе вештачко одржување на оваа власт ќе значи две работи прво губење време, второ уште подлабока криза.

Сега е часот. Дојде времето кога народот треба да слушне Влада со народен легитимитет.

Македонија да застане на нозе и да се избориме за иднина, за подобар живот за победа на оваа и генерациите на кои тоа им должиме.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Марта Кос очекува дека Македонија ќе направи уставни измени, а Мицкоски вели дека имаат црвени линии

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Марта Кос очекува дека Македонија ќе направи уставни измени, а Мицкоски вели дека имаат црвени линии

АЛЕКСАНДАР ДИМИТРИЈЕВИЌ Е НОВИОТ ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА СДСМ: Кои се потпретседателите?

АЛЕКСАНДАР ДИМИТРИЈЕВИЌ Е НОВИОТ ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА СДСМ: Кои се потпретседателите?

ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНАТА ЗА ПОМИНАТ КИЛОМЕТАР ЗА ПРИВАТНИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ: Славески вели дека сега е на потег Арсовска

ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНАТА ЗА ПОМИНАТ КИЛОМЕТАР ЗА ПРИВАТНИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ: Славески вели дека сега е на потег Арсовска

МИЦКОСКИ ЗА БАРАЊАТА ЗА УСТАВНИ ИЗМЕНИ: Oдлучиле да бидат заложници на луѓе кои живеат во средниот век, а не гледаат напред

МИЦКОСКИ ЗА БАРАЊАТА ЗА УСТАВНИ ИЗМЕНИ: Oдлучиле да бидат заложници на луѓе кои живеат во средниот век, а не гледаат напред

ЗА НЕКОЛКУ ЧАСА АПЛИЦИРАЛЕ ДЕСЕТТИНА КАНДИДАТИ ВО ЛИДЛ МАКЕДОНИЈА: Работно место – проектен менаџер за осигурување

ЗА НЕКОЛКУ ЧАСА АПЛИЦИРАЛЕ ДЕСЕТТИНА КАНДИДАТИ ВО ЛИДЛ МАКЕДОНИЈА: Работно место – проектен менаџер за осигурување

„НЕКОЈ ДА НЕ ГО МЕСТИ ФИЛИПЧЕ“?: Премиерот Мицкоски зачуден од неговите изјави за унгарскиот кредит

„НЕКОЈ ДА НЕ ГО МЕСТИ ФИЛИПЧЕ“?: Премиерот Мицкоски зачуден од неговите изјави за унгарскиот кредит

ОСТАНАЛ БЕЗ 12.000 ЕВРА: Охриѓанец e измамен со „шема“ со биткоин

ОСТАНАЛ БЕЗ 12.000 ЕВРА: Охриѓанец e измамен со „шема“ со биткоин

КОС НЕ МОЖЕ ДА ДАДЕ ГАРАНЦИИ: Очекува дека Македонија ќе направи уставни измени

КОС НЕ МОЖЕ ДА ДАДЕ ГАРАНЦИИ: Очекува дека Македонија ќе направи уставни измени

ДВА ЗЕМЈОТРЕСИ ВО МАКЕДОНИЈА: Се стресоа два мали града

ДВА ЗЕМЈОТРЕСИ ВО МАКЕДОНИЈА: Се стресоа два мали града