19 Декември, 2025
0.0491

Мицкоски повика на лидерска средба за предвремени парламентарни избори

Објавено во: Македонија 24 Август, 2023 16:24

Добивај вести на Viber

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски повика на лидерска средба за предвремени парламентарни избори. 

Неговата партија нема да го промени ставот за внесувањето на Бугарите во Уставот.  Според него, тортурата ја организира власта, која воедно молела претставници на меѓународната заедница исто така да вршат тортура врз ВМРО-ДПМНЕ за да прифатат да се смени Уставот. Мицкоски рече дека досега партијата нудела решенија, како што е устав по хрватски модел и уставни измени со одложено дејство, но сега повеќе нема за што да се зборува со власта, освен за предвремени избори.

„Подготвени сме на брзи парламентарни избори без техничка Влада. Само тоа е сега на маса. Секој што сака со нас да разговара за ова прашање е добредојден. Сè останато, ВМРО-ДПМНЕ во моментот го смета во рамките на оваа кампања на тортура и притисок“, рече Мицкоски.

Претходно владини претставници истакнаа дека изборите не се решение за процесот на уставни измени. 

Заменик-помошникот државен секретар на САД Габриел Ескобар се надева на продуктивни и заеднички дискусии со владините лидери за време на неговата посета на Македонија.

Ескобар денеска и утре ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

фото Фејсбук/Христијан Мицкоски

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот