Мицкоски повторно споменува 20-мина потенцијални потпалувачи, МВР уште молчи: Кои се лицата за кои премиерот обвинува дека ја палат Македонија?
Објавено во: Македонија 22 Септември, 2025 07:48
По новото тврдење на премиерот Христијан Мицкоски, Фактор повторно испрати прашања до Министерството за внатрешни работи, но од таму три дена не даваат одговор: Кој е профилот на лицата кои се под мониторинг за подметнување на пожари, дали се поврзани со политичка партија или со странски центри на моќ, дали се подготвуваат пријави и дали барем некој од нив е повикан на распит.
Овие се особено важни прашања, бидејќи Мицкоски ги повторува ставовите дека зад пожарите стојат домашни и странски центри на моќ кои сакаат да создадат хаос пред претстојните избори.
Последните информации кои ги сподели премиерот на оваа тема беа кажани во интервју за национална телевизија на 18 септември: „Веќе имаме една група од дваесетина лица која е под мониторинг, за која постои основано сомнение дека девијантно се однесувала во изминатиот период и оставам органите на прогон да си ја завршат својата работа“.
Претходно, на 16 септември, во изјава за медиумите, а по посетата на Јегуновце, Мицкоски рече: „Додека сум јас во Јегуновце заседаваат врвот на структурите на МВР, идентификувани се од прилика дваесетина лица за кои постојат основани сомневања дека стојат позади овој процес. Истовремено имавме одредени дојави што ги собиравме изминативе денови и во координирана акција МВР со Министерството за животна средина ќе постапува во деновите коишто следат, така што за жал има структури кои на ваков начин се обидуваат да внесат нестабилност и немир, но како што кажав тие ќе конструираат, ќе лешинарат, ќе подметнуваат, ние чесно ќе работиме, ќе се бориме, и на крај повторно ќе победиме“.
И по оваа изјава, Фактор побара став од МВР, од каде ниту тогаш не добивме одговор на прашањата поврзани со оваа група која ја спомена премиерот.
Молкот од МВР е скандалозен особено затоа што прашањата се од огромен интерес за јавноста, бидејќи ваквие информации ги споделува првиот човек на Владата. И додека нема информации споделени со јавноста, пожарите не стивнуваа ниту викендот кој измина.
Александар ТодескиМожеби ќе ве интересира
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска
Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?
ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија




