МИЦКОСКИ СЕ СРЕТНА СО КРИС ПАВЛОВСКИ КОЈ Е ВО ПОСЕТА НА ПРЕСПА: Откри на која тема разговарале
Објавено во: Македонија 13 Август, 2025 22:38
Крис Павловски, бизнисмен и човек кој важи за близок до американскиот претседател Доналд Трамп се сретна со премиерот Христијан Мицкоски во земјава.
Премиерот на социјалните мрежи објави фотографија од средбата.
„На пријателска вечера со Крис Павловски, кој овие денови е во посета на неговата Преспа. Разговаравме за перспективите и иднината на Македонија, и користењето на сите шанси што ќе направат развој и просперитет на нашите граѓани“, напиша Мицкоски.
Во мај годинава, Павловски истакна дека има длабока поврзаност со Македонија, бидејќи неговите родители потекнуваат од Преспа и Мариово. Тој додаде дека инвестирал во земјата уште во 2011 година, кога отворик компании и вработил многу луѓе.
фото Фејсбук/Христијан Мицкоски
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




