Мицкоски со честитка за празникот во контекст на исклучувањата
Објавено во: Македонија 23 Октомври, 2018
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски упати честитка до граѓаните по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.
– Од секој предизвик, искушение, ВМРО-ДПМНЕ, наследник на идеалите и принципите на историското ВМРО излегувало посилно, похрабро и поодлучно. ВМРО постои за Македонија и за нејзиниот народ, кој кревал глава секогаш кога е најтешко, и кога мракот најсилно надвиснал над нашата земја. И секогаш новиот почеток значел нова надеж, нова искра. Македонци, граѓани на Република Македонија нека е вековит 23 октомври, Денот на македонската револуционерна борба, напиша Мицкоски на неговиот фејсбук статус.