18 Декември, 2025
0.0678

Мицкоски со радост го чека предлогот на Филипче за преговорите со Бугарија

Објавено во: Македонија 08 Септември, 2025 17:30

Добивај вести на Viber

Наш приоритет се европските интеграции, но тој пат не смее повеќе да биде срамен, туку достоинствен, порача премиерот Христијан Мицкоски во неговото денешно обраќање на свеченоста по повод Денот на независноста. 

- Наш приоритет се европските интеграции. Биле, се и ќе останат врвен приоритет, но тој пат не смее повеќе да биде срамен, треба да биде достоинствен. Треба да биде пат во кој што ќе бидеме рамноправни со сите останати европски народи, а не понижени и засрамени како што за жал сите од нас се чувствуваме, рече премиерот.

Во однос на предлогот за црвени линии во преговорите со Бугарија иницирана од претседателот на СДСМ Венко Филипче, Мицкоски истакна дека е во исчекување на предлогот нагласувајќи дека додека тој е претседател на Владата нема да има никакви игри со вакви прашања.

- Со радост го чекам тој предлог да видам каков ќе биде. Во исчекување сум, со нетрпение го чекам. Од истите тие кои прифатија декларација за непромена на името, па потоа го сменија, од оние кои викаа дека нема ултиматуми, па го донесоа францускиот предлог, од тие кои велеа „ајде на референдум“, па потоа не ги признаваа резултатите од него. Ајде да видиме какви се тие црвени линии, чија боја ќе биде побледа од најбелата боја, затоа што не може во исто време да се збори за црвени линии, а да се вели „мора да се прифати се што е на маса, безусловно“. Но ви велам, да бидете сигурни дека додека јас сум претседател на Владата, нема да има игри со вакви прашања. Државата ќе биде сигурна, рече тој.

Потенцира дека негов фокус како премиер се европско образование, среќни земјоделци, работници со добри услови за работи, инвестиции, добар животен стандард...

- Како претседател на Владата во мојот фокус е и вистинско европско образование, среќни земјоделци млади кои остануваат дома, пензионери кои се радуваат на своите најубави години после се она што го направиле во својот живот за своето семејство и за својата држава, работници кои имаат услови за работа исти какви што имаат нивните колеги во Европа, силна економија, инвестиции, животен стандард најдобар на Балканот и еден од водечките во Европа. Тоа е мојот сон и сонот на мојата генерација. Сигурен сум дека секој еден од вас ќе се сложи дека вреди да се жртвуваме за да го отсонуваме овој сон. Денес повторно сме исправени пред времиња што бараат храброст и одлучност. И повторно мора да го направиме вистинскиот избор – изборот на работа, изборот на заедништво, изборот на иднина што ќе ја оставиме на нашите деца, нагласи премиерот Мицкоски. 


Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија