19 Декември, 2025
0.3986

Мицкоски во еден месец бил и во Белград и во Будимпешта

Објавено во: Македонија 15 Ноември, 2018 14:51

Добивај вести на Viber

Портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов побара одговори на неколку прашања од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, меѓу кои и тоа што барал во Будимпешта во Белград кон втората половина на октомври, односно дали во тие посети се договарало бегството на Груевски?

„Антизападниот пион Христијан Мицкоски, мора да излезе пред јавноста и да одговори за сите отворени сомнежи за неговата улога во бегството на неговиот ментор, Никола Груевски.

Јавноста очекува одговори:

Која била целта на посетата на Христијан Мицкоски на Будимпешта и Белград во втората половина од октомври оваа година?

Дали тие посети имаат врска со подготовката за бегство на неговиот ментор, Никола Груевски?

Со кого се среќавал за време на посетите на Будимпешта и Белград и што договарал?

Дали заедно со Груевски бил нацртан планот за бегство?

Мицкоски пред граѓаните должи одговори за основаните сомнежи за неговите активности во изминатиот период кои што се сомнежи учеството во бегство на Никола Груевски.

Особено што Мицкоски јавно потврди дека имал средба со Никола Груевски на која според негово кажување се разговарало за „личните моменти“ и „иднината“ токму на Груевски.

Сите надлежни институции, особено Основното јавно обвинителство мора да отворат истрага за бегството на Груевски, и сите вакви или слични информации да ги разгледаат и даги истражат.

Сите соучесници и помагатели на кукавичкото бегство мора да бидат пронајдени и соодветно санкционирани.“, вели Костадинов.


Можеби ќе ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата