МИЦКОСКИ ЗА ПЕНДАРОВСКИ: СДСМ бараше, бараше и најде човек кој ќе изгуби
Објавено во: Македонија 03 Април, 2024
Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва на дуелот со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Канал 5 изјави дека Стево Пендаровски пак ќе биде избран за претседател на државата, затоа што имаат јасен план и визија за иднината на државата.
Вели дека Пендаровски е претседател за сите и поддржува прогресивни политики.
Мицкоски кажа дека СДСМ долго време бараше и најде човек кој ќе изгуби. Вели дека Пендаровски ќе доживее дебакл и дека не покажал баш ништо. Мицкоски кажа дека она што народот го изгуби, ќе биде надоместено откако нивната кандидатка Гордана Силјановска Давкова ќе победи. Според Мицкоски, Пендаровски не може да биде татко на нацијата затоа што не ја обединил нацијата. Ковачевски пак вели дека коалицискиот капацитет на Пендаровски е многу поголем.