Мицкоски: Знам зошто бавно одат инвестициите на Заев
Објавено во: Македонија 24 Ноември, 2018 14:47
Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, во интервју за „Република“ вели дека една од причините што, како што вели тој, му одат бавно реформите на премиерот Зоран Заев е и тоа што одговорните не сакаат да ги потпишат одлуките за инвестиции.
- Не е потребна реконструкција, веќе таква реконструкција имавме и освен решенија кои се последица на коалициски договори, квалитет и додадена вредност не видовме. Потребна е смена на владата.
Луѓето на Заев знаат дека тоне, затоа го оставаат на цедило. Знаете зошто се капиталните инвестиции пониски од 30 отсто? Едно е зашто не ги бива, а второ е зашто нивните први луѓе на институции не сакаат да потпишуваат, не сакаат да потпишуваат зашто знаат дека така ќе бидат дел од криминалната дружина на оваа влада. Пристигнуваат информации од институциите што се случува внатре и треба да бидат свесни дека еден ден се ќе дојде на ревизија, како е направено и што е работено. До нас стигаат алармантни информации за работи што се прават по министерствата и сето тоа мора да биде добро изанализирано, затоа што мора еден ден да се стави крај на безаконието и да започне да владее законот во оваа држава - вели Мицкоски на прашањето дали е потребна владина реконструкција.
Наведе детали од анти-владиниот протест в среда во Скопје, а потоа и во други градови..
- Ќе протестираме и за даноците, и поради загадувањето, и поради прогонот и политичкиот притисок, и поради менувањето на името и поради немањето на откуп на јаболка и тутун. Ќе го кренеме гласот пред да биде предоцна. Ќе протестираме поради секоја неправда направена врз секој еден граѓанин - изјави Мицкоски.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




