19 Април, 2024
0.0312

Мицковска: Зоолошката е затворена, но секој ден може да ги гледате омилените животни во живо

Објавено во: Македонија, Интервјуа 19 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Зоолошката градина во Скопје е затворена за посетители како и многу други јавни установи. Сепак, љубителите на животните, како и на пример родителите со мали деца може секојдневно да ги гледаат омилените животни преку Фејсбук страната на ЗОО Скопје во живо. Тина Мицковска која се грижи за објавата на забавните и едукативни видеа вели дека животните постојано ја добиваат потребната грижа, храна и витамини додека трае кризата со ширењето на корона вирусот. Вработените ветеринари и персонал несебично работат секојдневно со животните и се врши неопходната дезинфекција. Видеата имаат за цел да ја пробудат емпатијата кај луѓето која сега и тоа како ни е неопходна. 


Фактор: Додека трае периодот на изолација за спречување на ширење на заразата со корона вирусот Зоолошката градина во Скопје нема да работи и е затворена за посетители. Сепак, вие секојдневно објавувате видеа со животните за секој да може ги види на социјалните мрежи. Какви се реакциите досега?

Мицковска: Од првиот ден кога затвори зоолошката, веднаш дојдовме до идеја секојдневно да се вклучуваме во живо, пред се зошто знам колку посетители доаѓаа речиси секој ден и се приврзани за животните. Од друга страна сега луѓето може да видат и што се случува во просториите и местата кои досега немале можност да ги погледнат. Добиваат едукација за тоа како се чуваат животните, како се хранат, но и ја пренесуваме атмосферата во нивните домови, преку вклучување во живо на нашата Фејсбук страница. Реакциите секако се позитивни и ние ќе продолжиме со снимање и во наредниот период.

Фактор: Како вие се справувате со корона вирусот како вработени во Зоолошката градина кои треба секојдневно да се грижат за животните?

Мицковска: Пред се, нашите ветеринари во заштитни одела и со средства за дезинфекција постојано ја дезинфицираат целата зоолошка, од живеалиштата на животните, до просториите за вработените. Фотографиите од една таква дезинфекција деновиве ги преплавија светските медиуми и се фото на денот во многу престижни светски новински агенции, бидејќи изгледа доста симпатично како животните кулираат додека вработените прскаат. Мораме да се заштитиме пред се ние, за да можеме да ги заштитиме и животните за кои се уште научниците велат дека се отпорни на овој вид корона вирус, но сепак најголема грижа обрнуваме на мајмуните.


Фактор: Бидејќи не се одвива активна настава во училиштата колку видеата кои ги споделувате може да послужат како едукација за учениците?

Мицковска: Видеата може да послужат и во делот на биологијата, но пред се може да послужат и за децата од мали нозе да се научат на емпатија, да ги сакаат животните и да се грижат за нив. Кога ќе ја видат грижата на нашите вработени, можеби ќе посакаат еден ден да станат биолози, ветеринари, зоо негуватели или пак ќе посакаат да вдомат некое бездомно куче или маче. Плус ќе научат многу интересни работи за секое животно кое го снимаме, а кое го нема во нивните учебници.

Фактор: Од друга страна пак, во овој период Зоолошката градина нема приходи од влезници од посетителите, па како се покриваат финансиските потреби и како ќе се управува состојбата со потребите на животните?

Мицковска: Зоолошката се финансира со влезници, но за среќа имаме помош и од градот Скопје. Градоначалникот Петре Шилегов ни помогна во изградба на новите живеалишта, Дино Паркот, но и други проекти. Затоа и во иднина, животните ни се на прво место и за нив храна, витамини и лекарства секогаш ќе има.


Фактор: Со каква динамика ќе продолжите во наредниот период со активности на социјалните мрежи?

Мицковска: Секојдневно ќе продолжиме со емитување на видеа во живо, но и фотографии од најинтересните моменти во Зоолошката градина. Овој период животните уживаат, па „уловивме“ доста убави моменти кои ќе може да ги видите на Фејсбук и Инстаграм. Животните навистина се најчудесните и најпрекрасните суштества на планетава, мораме во иднина да ги заштитиме сите видови кои за жал поради човечката рака во природата се во изумирање.


Х.С.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите