МИГРАЦИЈА: Од Источна Европа се селат во Германија
Објавено во: Свет 15 Август, 2017
Во Германија масовно заминуваат луѓето од Источна Европа и нивниот број од 2010 година, тројно се зголемил.
634 000 луѓе од други земји членки на ЕУ лани дошле во Германија.
Од нив 77% се од источноевропските држави.
Само од Полска во 2016 година дошле 42.000 луѓе поради работа, а сега се вкупно 700.000.
Околу половина милион Романци живеат и работат во Германија.
Хрвати има 331.000, а од Бугарија се доселени 262.000 луѓе.
Се работи за млади, образовани луѓе кои се способни да се интегрираат во германското општество.