Добивај вести на Viber
Првите илегални бегалци веќе влегле од Грција во Бугарија.
Ова го тврдат жители на селото Кула. Во саботата вечерта деца од селото забележале 6-7 лица со кеси и со багаж, кои се движеле по меѓународната железничка линија. Децата ова го раскажале на своите родители дека непознатите говореле странски јазик и им правеле знаци да не креваат врева. Возрасните од селото исто виделе група која се оддалечува брзо во темнината. Информацијата е поднесена на граничната полиција. И покрај засилените мерки за безбедност на границата со Грција, луѓето од Кула и околните села велат дека обезбедувањето е неефикасно.