Добивај вести на Viber
Група од пет мигранти во која имало и едно бебе старо 3 месеци, се удави денеска близу западниот брег на Турција.
До несреќата дошло кога чамецот се превртел на пат кон Грција. Турските медиуми пренесуваат дека несреќата се случила рано изутринава, а бегалците планирале да пристигнат до грчкиот остров Лезбос. Во чамецот имало мигранти од Авганистан и Иран, а девет лица успеале да се спасат.