19 Декември, 2025
0.0597

Михајло Маневски: Македонија задоцни со екстрадицијата, Груевски ќе остане во Унгарија

Објавено во: Македонија 20 Ноември, 2018 12:28

Добивај вести на Viber

Михајло Маневски, поранешниот министер за правда од претходната власт, за „Фактор“ вели дека унгарските органи веќе позитивно одлучиле да го прифатат барањето за азил на поранешниот премиер Никола Груевски.

- Според она што го велат медиумите, одлуката во Унгарија е донесена. Од мое искуство тврдам дека таа може да биде само позитивна, бидејќи се носи за релативно кус период - изјави поранешниот владин соработник на Груевски.

Тој додава дека не постојат правни лекови да се врати Груевски назад и да ја одлежи затворската казна од две години, односно да се соочи со преостанатите обвиненија, бидејќи Унгарија со таа конечна одлука му гарантира заштита до крајот на животот.

- Единствено можеше да се направи нешто доколку Министерството за правда реагираше побргу со барањето за екстрадиција, но не ми е јасно зошто толку бавно се подготвува овој документ и еве колку што следам, истиот уште не е испратен. Роковите се пробиени и тамошните служби не би требало да го земат тоа во предвид штом ќе пристигне - вели Маневски.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот