16 Јануари, 2025
0.0274

МИЛЕ ЗЕЧЕВИЌ СЕ ПОБЛИСКУ ДО КАНДИДАТУРА : Јас сум во предност во однос на другите кандидати, сите долго ме познаваат, јас бев булдожерот на СДСМ

Објавено во: Македонија 02 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Миле Зечевиќ, поранешент долгогодишен организациски секретар на СДСМ, вели дека подготвува кандидатура за лидер на партијата, но и дека клучно прашање во овој момент е дали неговата кандидатура ќе придонесе за зајакнување на единството или „дополнително може да ги влоши и онака лошите услови во кои се наоѓа партијата“.

Во своето вчерашно гостување на телевизијата 24, Зечевиќ рече дека ако сите релевантни политички фигури во партијата влезат со амбиција да го преземат претседателскиот трон, тоа може да предизвика лавина од бурни реакции внатре во членството. 

„Ако почнеме со тоа, нема да биде добро за СДСМ. Многу е важно пред секој политички потег, внимателно да се анализира какви реакции ќе предизвика и какви последици ќе направи. Време до петок има, и ќе почекам дотогаш. Најважно е сега да се сочува единството внатре во СДСМ на начин каде сите релевантни фактори ќе застанат зад едно решение“, нагласи Зечевиќ.

Во моментов, како што рече, „ги прави последните анализи“. Ќе пресече, пак, откако ќе го почувствува импулсот на членството во овој момент. Битно му е Заев да остане во Владата како премиер.

Во однос на рокот за поднесување кандидатури, членот на СДСМ смета дека е малку време за промовирање и објаснување на визиите на кандидатите.

„Краток е периодот. Тоа е дамка. Во однос на другите кандидати, јас сум во предност во однос на нив. Сите структури долго ме познаваат. Јас бев булдожерот на СДСМ во сите овие години“, вели Зечевиќ.

Можеби ќе ве интересира

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?

ДОАЃА РАЗВЕДРУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО, А ПО 20 ЈАНУАРИ, НОВ СЕВЕРЕН СТУД: Еве ја прогнозата на Попоски

ДОАЃА РАЗВЕДРУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО, А ПО 20 ЈАНУАРИ, НОВ СЕВЕРЕН СТУД: Еве ја прогнозата на Попоски

ОСМАНИ ЗАМИНА ВО ИСТАНБУЛ: Таму ќе биде дел од најнапредните центри на лапароскопска и роботска абдоминална хирургија

ОСМАНИ ЗАМИНА ВО ИСТАНБУЛ: Таму ќе биде дел од најнапредните центри на лапароскопска и роботска абдоминална хирургија

ЈАВНОСТА НЕ МОЖЕ ДА ИМА ДОВЕРБА ДЕКА И ПОНАТАМУ НЕ СЕ ПРИСЛУШУВА: Калајџиев за пресудата во која Јанкулоска беше ослободена од вина

ЈАВНОСТА НЕ МОЖЕ ДА ИМА ДОВЕРБА ДЕКА И ПОНАТАМУ НЕ СЕ ПРИСЛУШУВА: Калајџиев за пресудата во која Јанкулоска беше ослободена од вина

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено